Ваипукурау

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ваипукурау
Remove ads

Ваипукурау (маорски: Waipukurau) е најголемото населено место во округот Централен Хоков Залив на источното крајбрежје на Северниот Остров на Нов Зеланд. Гратчето се наоѓа 50 км југозападно од Хејстингс, крај реката Тукитуки.

Thumb
Ваипукурау - поглед од Пукероа

Местото лежи блиску од маорско па (утврдување), по кое го носи името. Ова утврдување (па) се наоѓало на главниот рид во гратчето, наречен Пукекаихау. Се вели дека овој назив значи вода на пукерау, со тоа што пукерау е вид на габа. Во ова гратче бвила изградена првата црква во копнениот дел на регионот Хоковиот Залив, изградена во 1847 г. Најголемиот дел од гратчето датира од модел-селото создадено од локалниот земјопоседник Х.Р. Расел во 1867 г.

Според пописот од 2006 г., местото брои 4,008 жители, споредено со 4,002 во 1996 г.

Remove ads

Вработување

Најголемиот дел од вработувањето се сезонско и зависи или од локалната месна преработувачница или од околните земјоделска и градинарска индустрија.

Гратчето е земјоделско и извезува млечни производи, овошје, зеленчук и месо.

Надворешни врски

39.995°S 176.557°E / -39.995; 176.557

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads