Маори

домороден народ во Нов Зеланд From Wikipedia, the free encyclopedia

Маори
Remove ads

Маори (маорски јазик- Māori) се полинезијски народ, домородно население на Нов Зеланд, етнолингвистички сродни на Тахиќаните и Хавајците, кои на подрачјето на Јужниот остров и Северниот остров, допловиле со кануа, населувајќи се помеѓу 9-от и 13-от век од подрачјето на Полинезија.[6] Првиот судир со Европејците го имале веќе во 1642 година со доаѓањето на холанѓанецот Абел Тасман, а во битката биле убиени четворица припадници на неговата посада. Во 1769 година, британскиот истражувач Џејмс Кук воспоставува пријателски односи со Маорите. Од 1800-тите посетите на европските бродови биле се почести. Со доаѓањето на европските населеници, популацијата на Маорите започнала да опаѓа, поради војните и увезените болести и бројката им била сведена на околу 100.000. Претставниците на маорските поглавари и британците се состанале во 1840 година и потпишале договор во Вајтангу по кој тие стануваат британски граѓани и им се признаваат правата на земја. Со новозеландскиот попис од 2006 година, под маорски етнички имиња се изјасниле 565.329 лица.

Кратки факти Подрачја со значајно население, Нов Зеланд ...
Remove ads

Историја

Thumb
Доселувањето на Маорите во Нов Зеланд како завршна точка на долга низа од последователни островски преселби.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads