Ваисигано

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ваисиганоmap
Remove ads

Ваисигано (самоански: Vaisigano) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Саваи.

Кратки факти Ваисигано, Држава ...

Географија

Thumb
Поглед западно од плажата Фалеалупо.

Округот го зафаќа западниот крај на островот Саваи. Административен центар на округот е Асау.[1] На самоански округот се именува и како „Itu Asau“, односно „асауански округ“.

Вкупното население на округот, според пописот од 2006 година е 6.543 жители.

Во рамките на округот се наоѓа и резерват, заштитена област за желки, околу селото Ауала, како и резерват-прашума во Фалеалупо.

Во округот се наоѓа и селото Ваисала, роден крај на поглавицата Ваи Колоне, кој бил двапати премиер на Самоа во 1980-те. Колоне е и основан на моменталната владејачка партија на Самоа.

Ваисигано има силни врски со кланската титула Тонумаипеја на локално ниво, а на државно ниво со Туиана.[2]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads