Саваи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Саваи (самоански: Savaiʻi) е остров во Самоа. Со своите 1694 км2, Саваи е најголем остров остров во Самоа и Самоанските Острови. Врвот Силисили е највисока планина во островите со надморска висина од 1858 метри. Саваи е шести најголем остров во Полинезија.
Саваи е дом на 43.142 жители, податоци согласно последниот попис од 2006 година, односно на островот живее 24% од населението на Самоа.[1] На островот има повеќе населени места, но единственото гратче е Салелолога, кое воедно е траектен терминал. Ова гратче е главната точка за влез на островот и се наоѓа во источниот дел на островот. Сите населени места се поврзани со регонален пат и се опслужуваат со редовни локални автобуски линии.
Саваи е составен од шест окрузи, на самоански наречени утумало (itūmālō). Секој округ е составен од села кои се традиционално поврзани меѓу себе.
Remove ads
Географија
Саваи се наоѓа северозападно од островот Уполу. Овие два острова се одделени од протокот Аполима, кој пак е широк 13 километри. Во самиот проток се наоѓаат двата мали острова Маноно и Аполима. Саваи е со вулканско потекло и планините се прекриени со густа шума. Островот има плодни рамнини со бројни реки и потоци.
Климата на Саваи е тропска со значително влијание од океанот. Често се забележуваат високи температури со значителна влажност на воздухот. Дождливата сезона е од ноември до април.
Саваи е најголем штитест вулкан во Јужниот Тихи Океан[2] и само 3% е над вода.[3] Вулканот е актувен и последната ерупција е забележана во периодот од 1905 до 1911 кога биле уништени села во северниот дел на централното плато.
Remove ads
Транспорт
Салелолога е главното пристаниште и единственото гратче на островот. Гратчето се наоѓа во источниот дел на островот каде се наоѓа и главниот траектен пункт на островот. Од едниот до другиот острово се пристигнува за од прилика 90 минути. Траектот оперира само преку ден.
Островот, поточно секое населено место на островот е поврзан со пат кој е во одлична состојба. Со нормално возење островот се заобиколува за околу 3 часа. Патот поминува покрај брегот каде се наоѓаат населените места. Во Самоа се вози на лево. Самоа е единствената држава во 21 век која преминала од десно кон лево возење.[4]
На островот се наоѓа аеродромот Маота, кој има мала писта и основни објекти. Аеродромот се наоѓа на 10 минути јужно од Салелолога. Летовите од едниот до другиот остров се околу 30 минути.[5]
Remove ads
Галерија
- Сателитска снимка на Саваи
- Историска црква во селото Сафоту.
- Alofaʻaga blowholes
- Пулемелеи
- Му Пагоа
- Камена црква во Сатупаитеја, 1908 г.
- Локален автобус
- Полиња од лава на Саваи
- Залез во Сапапали
- Танц со оган
- Поглед кон Аплима, мало островче до Саваи
- Матавану, вулкан, 1906 г.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads