Вали

главно гратче на Ангвила From Wikipedia, the free encyclopedia

Валиmap
Remove ads

Вали (англиски: The Valley - „Долина“[1]) — гратче на островот Анвгила, негово управно седиште и еден од четиринаесетте окрузи. Населението брои 1.067 жители (2011).[2]

Кратки факти Вали The Valley, Земја ...
Remove ads

Географија

Местоположба

Гратчето е сместено во средишниот дел на островот, крај заливот Крокус и соседниот рид со исто име, кој со своите 73 м е највисока точка на островот. Во околина се селата Норт Сајд, Квортер, Норт Хил и Џорџ Хил.

Клима

Вали има со тропска саванска клима (Aw) според Кепеновата класификација.[3] Има кратка сува сезона од февруари до април, проследена од дождовна сезона остатокот од годината. Сепак, иако е долготрајна, дождовната сезона се одликува со толку обилни врнежи како што е својствено за другите карипски градови како Санто Доминго и Сан Хуан. Просечната температура е прилично рамномерна преку целата година, движејќи се помеѓу 26 и 29 °C.

Remove ads

Историски знаменитости

Гратчето има само малку историски градби од колонијално време, што се должи на фактот што управното седиште на Ангвила е преместено во Свети Кристофер уште во 1825 г. Најзначајна стара градба е Волблејковиот дом (XVIII в.) која опстојува до денес како свештенички дом при соседната црква. Продавниците обично се сместени во понови градби, со искчлучок на извесен број обновени куќи во народен карипски стил.

На ридот Крокус можат да се видат остатоците од Стариот суд, поставен на повисок терен. Од него денес останале само разрушени ѕидови и неколку подрумски зандани. Во западниот крај на Вали се наоѓа Волблејковиот дом, изграден во 1787 г. како плантажерска куќа — денес живелиште на католичкиот свештеник. До неа е црквата „Св. Герард“ со својата интересна фасада од камчиња, поголеми камења, цемент, дрво и плочки.

Remove ads

Сообраќај

Гратчето го опслужува Меѓународниот аеродром „Клејтон Џ. Лојд“ (IATA: AXA, ICAO: TQPF) со извесен број на прекуокеански летови.

Образование

Во Вали има две државни училишта — едно основно и едно средно.[4] Покрај нив, работи и приватното основно училиште „Омолулу“ со нижи и виши паралелки.[5]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads