Ване Мирчевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ване Димов Мирчевски ( 1922 во Говрлево24 февруари 1946 во Говрлево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Израснал во сиромашно семејство. На 11 септември 1944 година, тој стапил во Дополнителната бригада, а подоцна во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во чиј состав заминал на Косово. Таму учествувал во борбите против одметнатите балистички банди. По ликвидирањето на истите, тој заминал за Срем, каде завршил тримесечна воена настава. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт. Во борбите кај Банова Јаруга бил ранет. Го лечеле во болница, а подоцна го отпуштиле од војската. Се вратил во родното место, каде на 24 февруари 1946 година подлегнал на раните.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads