Ванчо Мицевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ванчо Мицевски (роден на 28 август 1971 година) ― македонски фудбалски работник и поранешен професионален фудбалер кој играл како напаѓач. Тој ја претставувал Македонија на меѓународен план. Мицевски е роден во Скопје, СР Македонија, СФРЈ.

Кратки факти Ванчо Мицевски, Лични податоци ...
Remove ads

Клупска кариера

Кариерата ја започнал во Работнички. Следните години се преселил во Пелистер и Силекс каде што ја имал најуспешната игра како играч. Мицевски има постигнато 128 гола во Првата македонска лига и е втор стрелец во историјата на првенството.[1]

Сезоната 1996/97 ја почнал во Силекс, а во зимската пауза се префрлил во Мехелен во Белгија. По краткиот период со Унион Берлин, тој се вратил во сезоната 1999/00 за да игра во Македонија за Пелистер и постигнал гол во нивната финална победа во купот над Слога Југомагнат. Подоцна во кариерата тој продолжил да игра за Маџари пред да ја заврши играчката кариера во Пелистер во 2007 година.

Remove ads

Меѓународна кариера

Мицевски имал осум меѓународни настапи за македонската репрезентација помеѓу октомври 1993 и јуни 1997 година.[2] Тој постигнал четири гола за време на неговата репрезентативна кариера, против Албанија, Лихтенштајн и Малта.[3] На 9 ноември 1996 година, Мицевски и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Мицевски бил во резервите и влегол да игра во 69. минута и постигнал гол во 90. минута.[4][5]

Голови

Повеќе информации бр., Датум ...
Remove ads

Стручна кариера

Од јануари 2022 година, Мицевски е спортски директор на Пелистер.[6]

Почести

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads