Ванчо Србаков
македонски револуционер и војвода From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ванчо Србаков познат како Ванчо Србака[1] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Роден е во селото Вранештица, Кичевско. На млади години заминал во Бугарија и таму работел како фурнаџија. Во април 1903 година се вратил во Македонија и како војвода со чета дејствувал во Кичевско. Зел активно учество во Илинденското востание. Заедно со четите на Лука Џеров, А. Мицков, Србакот учествувал во нападот на Кичево. Загинал на 24 април 1905 година во една борба со турскиот аскер кај селото Цер, Кичевско, заедно со војводата Христо Узунов.[2]
Remove ads
Именување
По него е именувано основното училиште во селото Вранештица.
Галерија
- Четата на Петар Пашата и Ванчо Србаков
- Војводата Ванчо Србаков
- Споменик на војводата во родната Вранештица
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads