ПУ „Ванчо Србаков“ - Вранештица

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ПУ „Ванчо Србаков“ - Вранештица
Remove ads

Основно училиште „Ванчо Србаков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ванчо Србаков“ - Вранештица; скратено: ПООУ „Ванчо Србаков“) — подрачно основно училиште во селото Вранештица, составен дел на основното училиште „Јунус Емре“ од селото Лисичани, Општина Пласница.[2] Училиштето се наоѓа на влезот во селото Вранештица.

Кратки факти Ванчо Србаков ...

Иако Вранештица се наоѓа во Општина Кичево, училиштето е под надлежност на училиштето „Јунус Емре“ од селото Лисичани во Општина Пласница.

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер и војвода Ванчо Србаков.

Remove ads

Местоположба

Thumb
Влезот во училиштето

Училиштето е сместено на самиот влез во селото Вранештица.

Историја

Првиот училиштен објект бил изграден во 1934 година. Наставата и денес се одржува во истиот, кој бил целосно обновен во 2009 година.[3]

Училиштето во минатото претставувало централно училиште, но било укинато како такво во април 1980 година. Тогаш влегло во состав на основното училиште „Мирче Ацев“ од Лисичани, каде што припаѓа и денес.

Настава

Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Вкупно има 14 ученици од прво до деветто одделение, кои се распоредени во 6 паралелки, од кои една комбинирана.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads