Ванчо Тарабунов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ванчо Тарабунов (р. 24 февруари 1951 година во Радовиш) — македонски пејач на народни песни. Негов син е познатиот пејач Александар Тарабунов. Долги години бил вработен во Македонската радио-телевизија, како уредник и водител.
Remove ads
Животопис
Ванчо Тарабунов е роден на 24 февруари 1951 во Радовиш, пејач на народни песни. Негови попознати песни се: Жени се Радо, Македонски крвопис, Дедовино, Земјо Делчева, Ела си Лене, Барам прошка. Тој е чест учесник и на фестивалите: "Гоце Фест", "Фолк Фест Валандово", "Тумба Фест" и други. Долги години работеше како радио новинар, уредник и водител на народна популарна музика во Македонската радио телевизија.
Тој е еден од основачите, организаторите и воедно долгогодишен учесник на Гоце Фест и "Тумба Фест".
Remove ads
Награди
- Награда на "Гоце Фест" за песната "Дедовино" (1990)
- Награда на "Тумба Фест" за истоимената песна (1997)
- Втора награда на "Гоце Фест" за песната "Срам ни перде да се нема" (2005)
- Прва награда на "Гоце Фест" за песната "Што е мое пак ќе биде мое" (2010)
- Награда за животно дело на Фестивалот "Цветници" (2016)
- Награда за животно дело на Фестивалот "Тумба Фест" (2020)
- Награда на "Гоце Фест" за песната "Дедовино мила ризјанска" (2024)
- Прва награда од публиката на "Гоце Фест" за песната "На многаја лета" и признание за неговата долгогодишна работа и развој на фестивалот (2025)
Remove ads
Надворешни врски
- Ванчо Тарабунов на YouTube.
- Профил на Ванчо Тарабунов Архивирано на 2 ноември 2023 г., Музички регистар.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads