Поп-фолк во Србија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Поп-фолк (исто така чалга) или фолк-поп, е музички правец кој се развил во Србија во 2000-итите, на кој најголемо влијание имал турбо-фолк — доминантен музички правец во деведесеттите години. Поп-фолк е поточно варијанта на турбо-фолкот, но со поголемото влијание на поп и електронската музика. Настанал со постепеното напуштање на турбо-фолк звукот и тема, со сè поголемо следење на музичките текови на Запад.
Remove ads
Преглед
Основачот на поп-фолкот во Србија била Индира Радиќ, која за албумот Змај од 2004 година ги отпејала песните во кои се чувствувало големо влијание на поп-музиката. Така таа воедно била и прва која го прекинала снимањето на турбо-фолк песните.[1] Некои од популарните пејачки денеска негираат дека некогаш пееле новокомпонирана музика,[2] додека некои турбо-фолк ѕвезди себеси упорно се котираат како поп-фолк пејачи. Самиот поп-фолк и во Србија сè уште се критикува и омаловажува, намерно или ненамерно се категоризира како турбо-фолк, а синдромот „ги мразам народњаците“ постои веќе две децении.[3][4][5][6]

Од другата страна, популарноста на поп-фолк изведувачите не опаѓа. Некогаш најголемите ѕвезди на поп-фолкот, релативно сè уште се популарни. Концертите на Светлана Ражнатовиќ се помеѓу најпосетуваните на Балкан.[7][8] Аца Лукас успева со години наназад со почетокот на ноември да одржува многу посетувани концерти во белградскоата Арена.[9][10] Лепа Брена ужива во статусот на музичката легенда во бивша Југославија,[11] додека Индира Радиќ, најтиражната пејачка во 2004 и 2005 година, посебно популарна во Хрватска, Бугарија и во српската дијаспора.[12][13] Контроверзната Јелена Карлеуша често е во центрот на медиското внимание заради својата борба против дискриминацијата на ЛГБТ личности и кавги со Светлана Ражнатовиќ.[14] Нарочно се популарни Сека Алексиќ, Дара Бубамара, Вики Миљковиќ, Стоја и Ацо Пејовиќ.[15] Од друга страна, голема популација на некогаш најголемите Грандови ѕвезди Тања Савиќ и Славица Ќуктераш значајно опаднала, додека Драгана Мирковиќ, една од најголемите музичкии ѕвезди во бившата Југославија, ужива во подеднаквата наклоност на публиката како и пред дваесет години, што резултирало на распродадените билети за концертот во Белградската арена во 2014 година.[16]
Претставниците на поп-фолкот на новите генерации се Милица Павловиќ, Милица Тодоровиќ, Катарина Живковиќ, Катарина Грујиќ, Миа Борисављевиќ, Немања Стевановиќ, Милан Станковиќ, Рада Манојловиќ, Сандра Африка, групата Министарке и други.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads