Варена
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Варена — општина на Комското Езеро во покраината Леко на регионотЛомбардија, Италија. Сместена е 60 км северно од Милано и околу 20 км северозападно од Леко.
Варена е основана од месни рибари во 769 година, а подоцна е сојузник на заедницата на Милано. Во 1126 година била уништена од страна на соперничката заедница Комо, а подоцна добила бегалци од Изола Комачина кој се сретнала со истата судбина во 1169 г.
Варена се граничи со општините: Езино Ларио, Лиерна, Оливето Ларио Перледо. Главните знаменитости се замокот Везио, мал музеј посветен на морскиот влекач лариосаурис од доцниот тријас, како и прекрасните градини на вилата Монастеро. Од другата страна на езерото во покраината Комо се Белаџо, Гријанте и Менаџо.
Вила Монастеро се наоѓа меѓу Варена и Флумелате, а денес е музеј на ботаничка градина и собирен центар. Таа е основана како цистерцијански манастир во XI или XII век. Општината се служи со станицата Варена-Езино-Перледо на железничката пруга Тирано-Леко.
Remove ads
Познати жители
- Џовани Батиста Пирели (1848–1932) — претприемач, инженер и политичар кој го основал „Пирели“ во Милано во 1872 г.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads