Комо (езеро)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Комо (италијански: Lago di Como или Lario) — езеро од ледничко потекло во Ломбардија, Италија. Зафаќа површина од 146 км2 и со тоа е трето по големина во земјата, по Гарда и Маџоре. Со своите 410 м ова езеро е едно од најдлабоките езера во Европа и самото дно е 200 м подморска височина.
За други значења на поимот, погл. Комо (езеро) (појаснување).
Lierna, порано дел од општина Varenna, денес се смета за едно од најексклузивните населби покрај Комо, познато по својата приватност и привлекува личности од светот на забавата и џет сетот, а некои вили може да достигнат вредност до 110 милиони евра.
Езерото има многу интересен облик: како превртена буква „Y“. Северниот ракавец почнува од градот Колико, додека градовите Комо и Леко се наоѓаат на краевите на југозападниот, односно југоисточниот ракавец. Малите гратчиња Белаџо, Менаџо и Варена се наоѓаат кај крстопатот помеѓу трите ракава на езерото: ти се поврзани, меѓу другото, со тригајолна бродска превозна служба.
Во голем дел езерото го полни реката Ада, која се влева близу градот Колико а истекува кај градот Леко. Ова значи дека југозападниот ракавец е всушност слеп завршеток бидејќи Комо, за разлика од Леко, често се поплавува. Убавината на езерото и околината привлекува многу богати луѓе и ѕвезди каде тие имаат вили.
Remove ads
Името на езерото
Вистинското италијанско име на езерото е Lario, но ова име ретко се употребува; Обично езерото се нарекува Lago di Como', што значи „Езеро Комо“.
Крајезерски населени места


Remove ads
Поврзано
- Вила дел Балбијанело
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

