Васе Стаматовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Васе Пандил Стаматовски ( 1923 во Тресонче13 ноември 1944 во Јаболци) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Израснал во сиромашно семејство. Заедно со своите родители, тој се преселил во Скопје. Во Скопје бил приклучен во подготовките за оружено востание против окупаторот. Стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада и бил борец во вториот баталјон. Се истакнал во борбите на бригадата против непријателот, како храбар борец и затоа му било доверено да стане пушкомитралезец. Посебно се истакнал во борбите за приодите кон Скопје. На 13 ноември 1944 година, во уличните борби за ослободување на Скопје, учествувал во опколувањето на поголема група Германци во нивната офицерска менза што била сместена во зградата на бившото училиште „Гоце Делчев“. Без да чека посебна наредба се префрлил и приближил до утврдената зграда и со рафалите од својот пушкомитралез успеал да уништи голем број Германци. Во оваа последна борба, смртно бил погоден од непријателски куршум. Неговите останки биле закопани на скопските rpoбиштa.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads