Василиј Ливанов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Василиј Ливанов
Remove ads

Василиј Ливанов (руски: Васи́лий Бори́сович Лива́нов, роден на 19 јули 1935 во Москва) — руски и советски глумец, сценарист, писател, режисер, народен глумец на Русија.

Кратки факти Василиј Ливанов, Роден(а) ...
Thumb
Василиј Ливанов 26.01.2017

Станал светски познат со учество во улогата на ликот на Сер Артур Конан Дојл - Шерлок Холмс, во циклусот телевизиски филмови на советскиот режисер Игор Маслеников. За оваа улога, Ливанов станал добитник на високата британска награда - Орден на Британската Империја (2006).

Remove ads

Животопис

Василиј е син на глумецот Борис Ливанов, внук на глумецот Николај Александрович Ливанов (Изволски). Неговата мајка, Евгенија Казимировна (1907-1978) — една од "најголемте симпатични московски дами".

Чести гости во семејство Ливанови биле Василиј Качалов, Борис Пастернак, Александар Довженко, Николај Черкасов, Михаил Тарханов. Во 1954 година Василиј Ливанов завршил на московското средно уметничко училиште, во Уметничката Академија на СССР (1954), по што завршил во 1958 година и театарска училиште, а во 1966 година и режисерско училиште.

Заедно со Јуриј Ентинин и Гендиј Гладков го создале цртаниот филм "Бременските музичари".

Во 1988 година на Ливанов била доделена титулата "Народен уметник на РСФСР".

На 15 јуни 2006 година, амбасадорот на Велика Британија во Москва му доделил Орден на Британската Империја на Василиј Ливанов за најдобра одиграна улога на Шерлок Холмс.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads