Васко Карангелевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Васко Карангелевски
Remove ads

Васко Карангелевски (Брусник, Битолско, 7 јули 1921 - Македонски Брод, 3 февруари 1977 ) — македонски комунист, првоборец[1] и генерал-полковник на ЈНА. Прогласен е за народен херој на Југославија.

Кратки факти Роден, Починал ...
Thumb
Васко Карангелевски
Remove ads

Животопис

Васко Карангелевски е роден во битолското село Брусник, на 7 јули 1921 година, во печалбарско семејство. Мајка му работела по туѓи ниви, а тој уште како млад бил земјоделски работник и чувал туѓ добиток.[2] По бомбардирањето на Белград, Васко се вклучил кон новоформираната младинска група во селото.

Учество во НОБ

Во војната учествувал од 1941 година, кога се вклучил во партизански одред. Бил член на СКОЈ од 1941 година и член на КПМ од 1943 година. Заедно со одредот, Васко Карангелевски се движел по планините: Пелистер, Баба, Вич. Набрзо станал командир на чета, а потоа и командант на баталјон, заменик на командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија.

Во текот на декември 1943 година, кога Германците подготвувале напад против бригадата, Васко Карангелевски учествувал во борба гради во гради. Резултатот од таа борба бил: педесет убиени Германци, четириесет и двајца заробени, осумдесет пушки, десет полуавтоматски пушки, два митралеза, два минофрлачи, десетина илјади куршуми и стотина мини.[3] Со баталјонот „Стив Наумов“ учествувал во Февруарскиот поход. Кога била основана Третата македонска ударна бригада, Карангелевски бил назначен за командант на баталјон. Со овој баталјон, Карангелевски учествувал во многу борби: кај Ново Село, кај Пробиштип, во офанзивата на Герман Планина, на Плачковица, Огражден и други.

За народен херој, тој бил прогласен на 29 ноември 1953 година.[4]

Remove ads

По ослободувањето

По Ослободувањето, тој дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во СССР, на ВВА и на Курсот за оператика на ЈНА. Бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија. Бил член на ЦК на КПЈ. Загинал во несреќен случај,[5] за време на лов на терените на планината Караџица.[6][7]

Во негова чест, се наречени една улица во Општина Битола и една во Општина Аеродром.[8]

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads