Васов Град
вулканска купа во кај Мрежичко, Кавадаречко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Васов Град — палеовулканска купа во јужна Македонија, најзабележителната во Кожуфско-витачевската палеовулканска релјефна област. Се издига на западните падини на планината Кожуф југоисточно од с. Мрежичко. Висока е 500-600 м над околниот релјеф, а највисоката точка е на надморска височина од 1.401 м.[1]
На купата се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште, кое претставува утврдена населба од доцноантичко време.[2]
Remove ads
Геолошки состав
Купата е составена главно од андезитска лава. Околу купата има напласти на туфови и пирокластичен материјал, што укажува на експлозивниот тип на избув. Околу Васов Град има неколку паразитски купи како: Острец (1.550 м), Цврстец (1.535 м) и други.[1]
Поврзано
- Васов Град (археолошко наоѓалиште) — утврдена населба од доцноантичко време на ридот
- Турски Рид
- Кожуф
- Мрежичка Река
- Вулканизам во Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads