Ватикански музеи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ватикански музеи (италијански: Musei Vaticani) — една од најголемите музејски установи од овој вид во светот, каде се изложени уметнички дела од огромната збирка собрана од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во XVI век, односно во 1506 година. Систинската капела и Рафаеловите одаи (Stanze della Segnatura) се на патеката на посетителите низ музеите.
Remove ads
Основање

Основањето на Ватиканските музеи се поврзува со една мермерна скулптура купена пред 500 години. Скулптурата „Лаокон и синовите“ била откриена во едно лозје близу до базиликата „Голема Богородица“ во Рим. Папата Јулиј II ја откупил статуата од сопственикот на лозјето и ја изложил во Ватикан. Од тоа време изложбата постојано се проширувала.
Ликовна галерија
Збирката најпрвин била сместена во Домот на Борџија, а во времето на Папа Пиј XI била изградена посебна зграда. Изложбата содржи слики на Микеланџело, Рафаел и Фра Анџелико.
Збирка на современа религиозна уметност
Збирката на современа религиозна уметност претставува слики и скулптури од познати автори, како што се Карло Кара и Џорџо де Кирико.
Скулптури
Една група на музеи претставуваат само скулптури:
Музеј на Пиј и Клемент
Папа Клемент XIV го основал овој музеј во 1771 година и првобитно содржел ренесансни и антички дела. Неговиот наследник, папа Пиј VI ја проширил изложбата. Денес овој музеј изложува само скулптури од грчката и римската антика.
Има вкупно 54 галерии, од кои Систинската капела е последната и за да се дојде до неа мора да се минат претходните 53. Овие галерии изложуваат прекрасни скулптури, како што се „Заспаната Аријадна“, „Канделабрите на Барберини“, „Трите Грации“ и други.

Музеј Кјармонти
Музејот е наречен според световното семејно име на папата Пиј VII, кој го основал во раните 1800-ти. Музејот се состои од голема засводена галерија во која се изложени неколку статуи, саркофази и фризи.
Грегоријански Етрурски музеј
Основан е од папата Григориј XIII во 1836 година и има осум галерии со важни Етрурски дела од археолошки ископувања. Делата вклучуваат вазни, саркофаг, бронзи и збирката „Гулјеми“.
Египетски музеј
Основан е од папата Григориј XVI и има голема збирка на староегипетски материјали, како што се папируси, мумии на животни, познатата збирка „Граси“ и познатата „Книга на мртвите“.
Remove ads
Други експонати

- Неколку слики од Караваџо вклучувајќи ја и познататата Погребување на Христос (1602 - 1603)
- Портретот на Св. Јероним од Леонардо да Винчи
- Слики од Фра Анџелико, Џото, Рафаел, Тицијан и други
- Папскиот престол од црвен мермер, кој претходно бил сместен во базиликата Сан Џовани ин Латерано
- Огромна збирка на слики и таписерии од Рафаел, вклучувајќи ги и Рафаеловите одаи
- Систинската капела
- Галеријата на географски карти - содржи топографски карти на цела Италија насликани на ѕидовите и долга 120м.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads