Систинска капела
капела во апостолската палата, официјална резиденција на папата во Ватикан From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Систинската капела (италијански: Cappella Sistina) или Сикстинска капела (латински: Sacellum Sixtinum ) — најпозната капела во Апостолскиот дворец, официјалната резиденција на папата во Ватикан. Нејзината слава доаѓа пред сѐ од внатрешната декорација со фрески од Микеланџело, Рафаел, Бернини и Ботичели, како и од фактот што во неа се одржуваат конклавите - кардиналски собори за избор на нов папа. Капелата го носи името според папата Сикст IV кој ја реставрирал „Големата капела“, како што претходно се нарекувала, помеѓу 1477 и 1480 година. Капелата ја осветил Сикст IV на 15 август 1483 и ја посветил на Успението на Пресвета Богородица.[3]


Денес Систинската капела е дел од разгледувањето на Ватиканските музеи и може да се посети кога во неа не се одржуваат служби.
Remove ads
Фрески
Sидовите биле фрескоживописани од неколку уметници уште пред осветувањето: Пјетро Перуџино, Сандро Ботичели и Доменико Гирландајо помеѓу 1482 и 1483 година.
Потоа, помеѓу 1508 и 1512, под спонзорство на папата Јулиј II, Микеланџело насликал 1.100м² фрески на таванот на капелата. Микеланџело го презирал овој проект, и сметал дека служи само за да се задоволи грандоманијата на папата. Сепак, денес се смета дека таванот на Систинската капела е круна на неговата уметност.
Микеланџело повторно бил ангажиран од папата Климент VII во 1534 - 1541 за да го наслика олтарниот ѕид на капелата. Тој таму го насликал „Страшниот суд“, дело кое своевремено, па и денес, предизвикува контроверзи поради видните луѓе кои уметникот ги сместил во пеколот, како и поради голотијата на фигурите непримерена за христијанскиот морал.[4] Тоа е импозантно и драматично уметничко дело, го зафаќа целиот олтарен ѕид на капелата, со димензии од околу 13,7 х 12 метри. Микеланџело го оставил и својот автопортрет на сликата, во ликот на Св. Вартоломеј кој ја носи својата одрана кожа. (Според преданието, Св. Апостол Вартоломеј бил измачуван заради верата, жив одран и распнат на крст. )
Фреските во капелата биле целосно реставрирани во периодот 1984 - 1994 година, по што на виделина излегле со сиот свој сјај и живост на боите.
Remove ads
Галерија
- Систинската капела однадвор, во комплексот на музеите.
- Папата Сикст IV по кого капелата го носи името.
- Сцена од Страшниот суд-Св. Вартоломеј со лик на Микеланџело.
- Една фреска пред и по реставрацијата во 1994.
- Исус му ги предава клучевите од рајот на Св. Петар (Перуџино).
- Детал од фреска (Ботичели).
- Господ му вдахнува живот на Адам. Детал од фреска (Микеланџело).
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads