Ватрослав Лисински
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ватрослав Лисински (8 јули 1819 – 31 мај 1854) ― хрватски композитор.
Лисински бил роден како Игнатиј Фухс во германско еврејско семејство.[1][2] Подоцна ќе го промени своето име во Ватрослав Лисински,[3] што е хрватска преведеница на неговото изворно име. Извесен период работел како службеник во судот (т.н. Бански стол) на Хрватска во Загреб.
Лисински ја компонирал првата хрватска опера „Љубов и злоба“ (1846), која ја напишал по наговор на Алберто Огњен Штрига[4] и „Порин“ (1851), како и бројни дела за оркестар, хор и солисти. Концертната сала „Ватрослав Лисински“ го носи неговото име.
Тој исто така бил еден од основачите на илирството, движење кое го застапувало значењето на хрватското и поопшто јужнословенското културно наследство,[5] како реакција на магијаризацијата за време на австроунгарското владеење.
Лисински умрел во Загреб на 31 мај 1854 година и бил погребан на гробиштата Мирогој.[6]
Меѓународниот воз ЕН 498/499 што ги поврзува Загреб и Минхен го носи името „Лисински“.
Remove ads
Поврзано
- Концертна дворана Ватрослав Лисински
- Лисински (филм)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads