Јужни Словени
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јужни Словени е заеднички назив за современите словенски народи кои живеат на Балканскиот Полуостров. Јужнословенски народи се: Македонците, Бошњаците, Бугарите, Србите, Словенците, Хрватите и Црногорците. Сите овие денешни народи се создадени преку еден етногенетски процес на мешање со други народи, но сепак локалните и светските експерти се едногласни дека словенскиот фактор е доминантен кај сите денешни Јужни Словени.
Remove ads
Историја
Рани извори

Малку е познато за Словените пред 5 век од нашата ера. Нешто што го знаеме за нивната историја пред 500-тите години е поврзана со изворите на византиските историчари.
Во неговите изворни дела Де Белис, Прокопиус ги опишува Словените како високи и цврсти, со светол тен и црвенкасто-руса коса, живеејќи во еден многу примитивен живот. Тие живееле во колиби, често оддалечени едни од други и често го менувале нивното место на живеење. Тие на власт немале само еден водач, туку подолго време живееле во „демократија“, однсно анархија. Тие најверојатно верувале во повеќе богови, но Прокопиус претпоставувал дека верувале во еден врховен бог. Тој често бил идентификуван како Перун, бог на молњата. Словените се бореле така што право го напаѓале нивниот непријател, вооружани со стрели и мали штитови, но тие не носеле панцири.
Овие информации биле истиснати од страна на историските извори на Стратегикон, кој ги опишал Словените како неорганизирани и луѓе бев водач, но сепак во голем број. Тој за нив напишал дека се луѓе кои не пуштале лесно да бидат освоени и друг да владее над нив. Тие ги правеле нивните живеалишта во близина на шуми, реки и мочуришта.[2] Јордан вели дека Словените имале нивен дом на Дунав, не далеку од северните порти. Наредна информација за Словените доаѓа од страна на владетелот Константин Порфирогенит, компилацијата историски извори „Чуда на Свети Димитар“ и слично.
Remove ads
Јужнословенски држави

Денес има 7 држави каде Јужните Словени се мнозинство:[3]
Босна и Херцеговина (50.1% Бошњаци, 30.7% Срби, 15.4% Хрвати)
Бугарија (84,8% Бугари)
Македонија (64.2% Македонци, 1.8% Срби, 0.9% Бошњаци)
Словенија (83.1% Словенци, 2% Срби, 1.8% Хрвати, 1.6% Бошњаци)
Србија (83.3% Срби, 2.3% Бошњаци, 0.8% Хрвати, 0.5% Црногорци)
Хрватска (90.4% Хрвати, 4.3% Срби, 0.9% Бошњаци)
Црна Гора (45% Црногорци, 28.7% Срби, 11.9% Бошњаци и Муслимани по националност, 0.9% Хрвати)
Покрај овие, јужнословенски народи има и во:
Remove ads
Население
Јужните Словени се поделени на две етнолингвистички групи: источни и западни Јужни Словени.[4]
Источни: (~9,000,000)
Западни: (~19,500,000)
- Бошњаци = 3,000,000 [7]
- Словенци = 2,000,000 [8]
- Срби = 9,000,000 [9]
- Хрвати = 5,300,000 [10]
- Црногорци = 360,000 [11]
Религија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads