Вајмар (округ)
округ во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вајмар (германски: Weimarer Land) — округ во источниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од североисток надесно) округот Бургенланд во Саксонија-Анхалт, округот Зале-Холцланд и слободниот град Јена, округот Залфелд-Рудолштат, Илм и слободниот град Ерфурт. Слободниот град Вајмар е целосно опкружен од округот.
Remove ads
Историја
Округот потекнува од Großkreis Weimar, кој бил создаден во 1922 откако била создадена сојузната покраина Тирингија. Двата града Вајмар и Аполда не биле дел од округот. Во 1952, округот бил поделен на два дела - Вајмар и Аполда. Во 1994, двата дела биле споени повторно, меѓутоа не била целосно опфатена територијата од пред 1952.
Географија

Главна река во округот е Илм. На југ се ридовите на Тириншката Шума, вклучувајќи ја највисоката точка Riechheimer Berg со 511 метри надморска височина. На север од округот теренот е помалку ридест. Во овој дел се наоѓа најниската точка со 120 метри, на вливот на реките Илм и Зале. Близу Бад Залца почнува винската патека Зале-Унштрут, каде винокултурата во округот има традиција повеќе од 800 години.
Remove ads
Грб
Градови и општини
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads