Ваљадолид (покраина)
покраина во Кастиља и Леон, Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ваљадолид (шпански: Valladolid) — покраина во средно-северозападниот дел на Шпанија, во централниот дел на автономната заедница Кастиља и Леон. Се граничи со покраините Самора, Леон, Паленсија, Бургос, Сеговија, Авила и Саламанка.
Покраината брои 720.157 жители (2005), од кои речиси две третини живеат во главниот град Ваљадолид, кој воедно е и главен град на автономната заедница. Во состав на покраината влегуваат 225 општини, од кои над една третина се села со помалку од 1000 жители.
Ваљадолид е главниот стопански центар на Кастиља и Леон.
Remove ads
Историја
Ваљадолид бил најзначајниот центар на фалангизмот за време на Втората Шпанска Република и втора покраина по број на фалангистички гласови во изборите од 1936 г, веднаш по Кадис.[1] Покраината била под власта на Франковите националисти во текот на Шпанската граѓанска војна.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads