Авила (покраина)
покраина во Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Авила (шпански: Provincia de Ávila) — покраина во среднозападна Шпанија, на југот на автономната заедница Кастиља и Леон. На југ се граничи со покраините Толедо и Касерес, на запад со Саламанка, на север со Ваљадолид, а на исток со Сеговија и Мадрид. Населението брои 165.138 жители (2002). Главен град е Авила.
Remove ads
Географија
Авила е географски поделена на два дела со сосема различна почва и клима. Северниот дел е претежно рамничарски, со просечно квалитетна почва, на места цврста и лапореста, но карпеста во долините и падините. Климата е многу студена зиме и многу врела лете. Населението е претежно земјоделско. Јужниот дел е покриен со планински венци, испрекинати со добро наводнети долини, богати со растителен свет. Зимата е долга и сурова (особено во високиот крај Парамера и пустелиите).
Поважни планински венци се Гвадарама, Сиера де Авила и Сиера де Гредос. Највисок врв е Алманазор.
Најголеми реки се Алберче и Тјетар (во сливовот на Тахо) и Тормес, Трабанкос и Адаха (во сливот на Дуеро).
Remove ads
Поврзано
- Список на општини во Авила
- Сиера де Гредос
Авила на Ризницата ?
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads