Величко Велјанов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Величко Велјанов
Remove ads

Величко Велјанов познат како Чичето[1] или Чичката — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Thumb
Четата на Величко Велjaнов (во средината) и Крсте Лазаров (втор од лево кон десно). Оддесно на Лазаров со пушка на колена е Петар Станчев.

Велјанов е роден во 1874 година во скопското село Црешево, тогаш во Османлиското Царство. Во 1899 година влегува во ВМОРО. Велјанов како долгогодишен скопски околиски војвода води напорна борба со српската вооружена пропаганда во Македонија.

По Првата светска војна, Велјанов е уапсен од српските власти и е затворен во скопскиот затвор, но успева да избега и се вклучува во обновата на ВМРО.

Од 1922 до 1934 година повторно е скопски окружен војвода. Во српските затвори умираат татко му и неговите две малолетни деца. Според некои Велјанов учествува во убиството на Александар Стамболиски [2] во 1923 година. По убиството на Александар Протоѓеров во 1928 година е на страната на Иван Михајлов [3].

Во текот на Втората светска војна на Велјанов се преселил во Скопје, каде умира во 1943 година [4][5][6].

Иван Михајлов за него вели:

Иако целосно неписмени човек, Величко беше интересен со некои сосема оригинални негови одлики. Правеше впечаток со едрата својата фигура и сосема тивкиот глас. [7]
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads