Венег
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Венег (или Унег), исто така познат како Венег-Небти, е име на раноегипетски фараон, кој владеел за време на Втората египетска династија. Иако неговата хронолошка позиција е јасна за египтолозите, сепак не е јасно колку долго владеел. Исто така, не е јасно кој од археолошко идентификуваните кралеви одговара на Венег.
Remove ads
Име и противречности
Името на Венег се појавува во натписи со црно мастило на фрагменти од алабастер и во натписи на вазни од шкрилци. Зачувани се седумнаесет садови на кои го има неговото име, од кои единаесет биле пронајдени во подземните галерии под Скалестата пирамида на кралот Џосер во Сакара. Египтолозите, како што се Волфганг Хелк и Франческо Тирадрити, истакнуваат дека сите натписи се направени на место на постоечки натписи, што значи дека имињата што првично биле ставени на садовите биле сосема различни.
Симболот што бил употребен за да се напише името на Венег е предмет на значителен спор помеѓу египтолозите до ден-денес. Таканаречениот „венег цвет" ретко се користи во египетското пишување. Мистериозно, венеговиот цвет често е цртан со шест вертикални „потези“, три од нив на секоја страна од цветната пупка. Значењето на овие потези е непознато. По смртта на Венег, неговиот хералдички цвет не се користел повторно до кралот Тети (6-та династија), кога се употребувал во пирамидалните текстови. Се чини дека цветот венег бил некако поврзан со египетскиот култ за сонцето и смртта. Но, вистинското значење на цветот како име на кралот останува непознато.[3][4][5][6]
Remove ads
Владење
Малку е познато за владеењето на Венег. Натписите на садовите каде се споменува неговото име, прикажуваат извештаи за церемонијални настани, како што се „подигнување на столбовите на богот Хор“. Овој празник е често запшуван на садовите од време на владеењето на Нинечер, поради што хронолошката позиција на Венег се претпоставува дека е многу блиску до онаа на Нинечер.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads