Венера-6
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Венера-6 била советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменет за истражување на планетата Венера. Лансирана е на 10 јануари 1969 година.
Текот на мисијата
Намената на леталото била атмосферското истражување на Венера. Било слично на апаратот Венера-4 оаиако била изменета така што би издржала поголем атмосферски притисок. Кога Венера-6 пришла на планетата Венера на 17 мај 1969 година, бил исфрлен одсекот за спуштање со маса од 405 кг од главното тело на леталото. За време на спуштањето кон површината на планетата, бил испуштен и падобран со цел да би бил забавен падот. За време од 51 минута додека капсулата паѓала, атмосферските податоци биле собрани преку сензори, и праќани на Земјата со помош на радио-врска.
Капсулата го носела грбот на СССР и гравура на Ленин.
Remove ads
Основни податоци за летот
- Датум на лансирање: 10 јануари 1969.
- Ракета носач:
- Место на лансирање: Тјуратам, Бајконур
- Маса на сателитот (kg): 1130
Галерија
- Почесната марка.
Поврзано
Надворешни врски
![]() |
„Венера-6“ на Ризницата ? |
Користена литература
Сателити од серијата „Венера“ |
Венера-1 • Венера-2 • Венера-3 • Венера-4 • Венера-5 • Венера-6 • Венера-7 • Венера-8 • Венера-9 • Венера-10 • Венера-11 • Венера-12 • Венера-13 • Венера-14 • Венера-15 • Венера-16 |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads