Вера Деспотовска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вера Никола Деспотовска (25 февруари 1916 во Велес — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]
Животопис

За време на окупацијата живеела во Урошевац. Била член на КПЈ од пред војната. Од 1941 година учествувала во НОД. Организирала младинци. Нејзиниот дом бил центар на движењето од градот, а самата била известител и давала податоци за движењето на окупаторот. Во март 1943 година била откриена и затворена, а потоа одведена во концетрациониот логор „Порта Романо“, во Албанија. Со капитулацијата на Кралството Италија била ослободена и стапила во Првата македонска ударна бригада - како политички комесар на болница. Носител е на Партизанска споменица 1941.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads