Партизанска споменица 1941

From Wikipedia, the free encyclopedia

Партизанска споменица 1941
Remove ads

Партизанска споменица 1941 (српскохрватски: Partizanska spomenica 1941, словенечки: Partizanski spominski znak 1941) — поранешно одликување во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Дефиниран во чл. 1 од нејзиниот статут како „..знак на државно признание на организаторите на народното востание и пионерите на Народноослободителната борба за големи заслуги стекнати во ослободувањето на нашите народи.“[2] Воведен на 14 септември 1944 година со одлука од Националниот комитет за ослободување на Југославија со името Споменица 1941.[3] Во јуни 1945 година било преименувано во Партизанска споменица 1941.[4]

Кратки факти Партизанска споменица 1941Partizanska spomenica 1941 Partizanski spominski znak 1941, Вид ...

Го издадол Министерството за народна одбрана кон значајни генерали и партизани кои се приклучиле во Народноослободителната борба на Југославија во нејзините рани фази, т.е. во 1941 година. Само преживеани борци имале право на Партизанската споменица, додека семејствата на загинати борци го добиле Споменикот на паднати борци. Во 1963 година, кога прекинале со доделување, сѐ вкупно имало 27.629 добитници-партизани.[1] Денес сѐ уште има живи носители. Носители на Партизанската споменица 1941 имале одредени привлегии и права, тие биле: здраствена заштита, дополнителен додаток на пензија, годишен одмор и 50% попус на транспорт со такси, автобус и авион. Нивните права биле регулирани со законот: „Законот за правата на носителите на Партизанскиот споменик 1941“.[5][6]

Партизанската споменица 1941 била направена од сребро со позлатени делови и се носела на левата страна, во џебот на блуза или палто. Заедно со медалот, било издадено и Брошура на носителот на Партизанската споменица 1941, што го тврди правото на носење и користење на претходноспомнатите привилегии.[6]

Remove ads

Историјат

Вовед

Thumb
Споменик од Стјепан Филиповиќ со Партизанската споменица 1941 во воениот музеј на Белград.

Првите одликувања во Социјалистичка Југославија биле воведени на 15 август 1943 година со одлука од Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ, тие биле: Орден на народен херој, Орден на народното ослободување, Орден на партизанската ѕвезда на трет ред, Орден на братството и единството, Орден за храброст и Медал за храброст.[7] Првите скици и дизајн на медалите, заедно со грбот на Југославија, биле обработени околу есента 1943 година од Ѓорѓи Андрејевиќ - Кун, академски сликар и вајар од Белград. При неговиот престој во Јајце, Босна и Херцеговина ги нацртал првите скици за Партизанската споменица 1941. Сакал медалот да биде во чест на борците кои се приклучиле во народноослободителното движење во 1941 година.

Андрејевиќ ги пратил неговите скици кај Антун Аугустинчиќ, хрватски вајар од Клањец. Неколку месеци ги обработувал и на април 1944 година го направил неговиот прв модел — медал направен од пластика. Сакал да направи повеќе примероци но поради Втората светска војна морал да отиде во Москва. Во Советскиот сојуз Аугустинчиќ направил 15.000 примероци со помош од „Московски монетен двор“ (руски: Московский монетный двор) — руска компанија за монети. На септември 1944 година ги пратил примероците преку авион во островот Вис, тогашната престолнина на Слободна Федеративна Југославија.[3]

Откако ги добиле примероците, Националниот комитет за ослободувањето на Југославија на 14 септември 1944 година ја воведиле Партизанската споменица 1941 со името Споменица 1941. Во седницата Јосип Броз Тито коментирал:[8][9][10]

Сите борци и водачи на Народноослободителната армија и партизанските одреди на Југославија кои се приклучија на партизанските одреди во 1941 година и останаа во нашата армија до ден-денес се наградуваат со „Споменица 1941“ како признание за нивната истрајност во борбата и верност кон Народноослободителното движење.

Во седницата биле определени условите за добитокот на медалот, според Централниот комитет на НОЈ тие биле:[8][11]

  1. Сите борци и военополитички раководители кои се приклучиле во партизанските одреди во 1941 година и дотогаш останале во Народноослободителната армија на Југославија.
  2. Сите борци кои ја започнале партизанската активност во 1941 година и на кој било начин продолжеле да соработуваат со партизанското движење на окупираната територија, а подоцна, од која било причина, ја напуштиле окупираната територија и се приклучиле во партизанските одреди, т.е. Народноослободителната армија.
  3. Сите борци кои се приклучиле во партизанските одреди во 1941 година како борци или водачи, а потоа биле повлечени, оставени или испратени да работат во непријателски терен, т. е. сè уште биле на окупирана или слободна територија или во единици на Народноослободителната армија и партизански одреди.
  4. Сите борци кои се приклучиле во партизанските одреди во 1941 година, а за време на нивната работа и борба биле заробени, уапсени или осудени, а потоа повторно биле во Народноослободителната армија или работеле позади сцената, само ако нивното однесување спрема непријателот било чесно и достојно за партизан.
  5. Медалот не може да им се додели на тие кои во меѓувреме доброволно ја напуштиле Народноослободителната армија или се приклучиле на која било непријателска армија, без оглед на тоа дали се приклучиле во 1941 година и денес се во редовите на Народноослободителната армија.

Откако биле определени условите тие ги наведиле привлегиите и правата на носителот. Примероци биле пратени во сите државни главни штабови. Кај Главиот штаб на НОВ и ПОС Јосип Броз Тито ги известил да не ги доделуваат наградите без негова лична дозвола. Сакал медалите да бидат издадени истовремено наместо постепно.[12]

Воено доделување

Истиот ден, Комисијата за народна одбрана на Националниот комитет на ослободување Југославија донела одлука да ја воведи Партизанската споменица 1941 во останатите Југословенски држави. Околу истиот период Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ ги известиле останатите штабови да почнат со доделување на наградата. Меѓу друго во нивниот извештај тие наведиле:[8]

Со предавањето на овој заслужен споменик на борците, овој момент треба да биде што е можно посвечен, доколку воената ситуација го дозволува тоа. Бидејќи споменикот значи високо признание за секој борец од 1941 година, секој од неговите носители ќе има посебни привилегии во новата Демократска Федерална Југославија. Затоа, потребно е да се обрне посебно внимание на тоа да се обезбеди неговото предавање на оној на кого навистина му припаѓа.

Заради контрола и за целите на евидентирање на бројот на издадени споменици, потребно е да се организираат и да ни се достават следните информации: име и презиме; ден, месец и година на раѓање; место и округ на раѓање; занимање во државјанство; ден, месец и година на приклучување кон партизанските одреди и Народноослободителната армија; моментален чин и позиција во Народноослободителната армија. Врз основа на овие информации, за секое лице ќе се изработи лична карта, која ќе го потврди правото на споменикот, а дотогаш, штабот ќе издаде привремени сертификати.

Thumb
Потполковник на Југословенската армија Милан Баста со Партизанската споменица 1941 (на џепот), Орден за храброст (десно) и Орден на партизанската ѕвезда (лево).

Низ слободните територии Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ пратил 12.430 примероци од Партизанската споменица 1941 или 44% од вкупниот оддел. Ордените биле пратени во главниот штаб на Социјалистичка Србија, Автономна Војводина, Косово и Метохија и кај главниот штаб на југословенската морнарица. Дел од медалите биле пратени во Бар, Црна Гора. Заедно со медалите имало список на дистрибуција, колку претставници од југословенските штабови ќе ја добиле Партизанската споменица 1941 според одреден удел. Следните штабови примиле Партизанска споменица 1941:[8][13][14]

Повеќе информации Штаб, Број ...

Рани повоени закони за Партизанската споменица 1941

Thumb
Примерок од Партизанската споменица 1941 во кутија.

Првиот закон поврзан со Партизанската споменица 1941 година бил „Законот за ордени и медали на Демократска Федеративна Југославија“, усвоена на 9 јуни 1945 година од страна на Антифашистичкото веќе на народнотоослободување на Југославија. Со законот ги потврди сите одликувања воведени од страна на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ за време на Втората светска војна, вклучувајќи и ја Партизанската споменица 1941.[4][16] Законот ги дефинирал одликувањата на Демократска Федеративна Југославија како „..знак на признание и награда за посебни заслуги направени спрема народот во Југославија за време на војна или мир и за изградбата на ДФЈ.“ Собрание на АВНОЈ[б 2] ги доделувала наградите. По редоследот на важност, кој било дефинирано во истиот закон, Партизанската споменица 1941 било ставено на последното, всушност, 19-то место како комеморативен медал. Следниот месец на 15 јули 1945 година маршалот на Југославија Јосип Броз Тито донел одлука за правата на неговите носители, со која дополнително се дефинирале критериумите за доделување на споменикот и правата стекнати со неговото добивање.[16]

Правото за доделување на Партизанскиот споменик 1941 било префрлено од собранието на АВНОЈ кон Министерството за народна одбрана, а бил утврден и нов модел на споменикот, обработен од хрватскиот вајар Антун Аугустинчиќ.[17] Потоа било дополнително одлучено дека при замена на спомениците, сите доделени споменици ќе бидат ревидирани, бидејќи за доделувањето требало да обезбедат доказ. Со „Законот за Партизанската споменица 1941“, усвоен на 25 мај 1946 година, Партизанската споменица 1941 бил определен како знак на државно признание спрема борците и партизаните кои се приклучиле во ослободителното движење во 1941 година. Во јули истата година донесен е Правилникот за спроведување на Законот за Партизанска споменица 1941. Во нејзе биле повторно дефинирани условите потребни за добиток на наградата. Тие се:[18][19]

  1. Борци кои се приклучиле во партизанските одреди во 1941 година и континуирано биле во редовите на Народноослободителната армија и партизанските одреди на Југославија, односно Југословенската армија, до крајот на војната.
  2. Борци кои се приклучиле во партизанските одреди во 1941 година, а потоа, поради задача добиена од раководството на Народноослободителното движење, биле испратени на должност надвор од војската на ослободена или окупирана територија, каде што продолжиле да соработуваат со Народноослободителното движење, без разлика дали подоцна повторно се приклучиле во редовите на Југословенската армија или останале на работни места надвор од армијата до крајот на војната.
  3. Борци кои во 1941 година добиле посебни задачи да работат зад непријателските линии и, додека ги извршувале овие задачи, останале зад непријателските линии во активна и организирана работа до крајот на војната или се приклучиле во редовите на Југословенската армија.
  4. Борци кои се наведени во точките 1, 2 и 3 од овој член кои, додека се бореле или извршувале задачи, биле уапсени или интернирани против своја волја и вина и не можеле да го избегнат тоа на кој било начин, па затоа активно продолжиле во затворски или интернирачки борби, по што повторно се приклучиле во редовите на Југословенската армија или, по задача од раководството на Народноослободителното движење, продолжиле со активна и организирана работа надвор од армијата до крајот на војната.

Законот дополнително ги наведува лицата кои немаат право да ја носат Партизанската споменица 1941:[2][20]

  1. Борци кои ја прекинале Народноослободителната борба со доброволно напуштање на партизанските одреди, Народноослободителната армија и партизанските одреди на Југославија, односно Југословенската армија, без разлика дали се вратиле дома, дезертирале или се предале на непријателот, без оглед на тоа дали се приклучиле на партизанските одреди во 1941 година.
  2. Борци кои биле заробени по сопствена вина или биле држени во затвор, интернација и во присуство на непријателот воопшто, без оглед на тоа дали претходно или подоцна се приклучиле на единиците на Југословенската армија или активно работеле за Народноослободителното движење.

Законот и Правилникот дополнително ги дефинирале правата на носителите на Партизанската споменица 1941, тие биле:[19][21]

  1. Право на лекување на државен трошок во сите здравствени и хигиенски установи во сопственост на државните или јавните органи.
  2. Право на годишен одмор од еден месец на државен трошок во сите државни санаториуми, бањи, одморалишта, зимски домови и слични установи.
  3. Право на приоритет при добивање стипендии и други образовни бенефиции.
  4. Право на 50% попуст за патување со воз, бродови, автобуси и авиони на државен трошок.
  5. Право на погреб на државен трошок.
  6. Право на право на добивање бесплатни лекови во државните аптеки врз основа на рецепти издадени од лекари на надлежните државни здравствени установи по дијагноза на болеста.[б 3]

Партизанскиот споменик 1941, според Законот и Правилникот, го доделувал Министерството за народна одбрана на Југославија, кој бил должен на секој носител да му издаде книшка со лична фотографија, која служела како доказ за правото на користење. Министерството за народна одбрана било должно да го замени првиот модел на Партизанската споменица 1941 до 1 јануари 1947 година и да изврши ревизија на сите претходно издадени медали, во согласност со одредбите од Законот. Законот и Правилникот го дефинирале носењето на Партизанскиот споменик 1941 на горниот лев џеб на воена блуза или на цивилна облека. Исто така, неодобрено носење на Партизанскиот споменик 1941 било карактеризирано како кривично дело.[19][2]

Повоено доделување

Партизанската споменица 1941 го доделил Министерството за народна одбрана.[б 4] Југословенската војска помогнала во нивното доделување, собирале податоци и докази за носители. При одлучувањето за предлогот за Партизанската споменица 1941, Кадровската администрација се потпирала на мислењата и предлозите на окружните и покраинските комитети на Комунистичката партија на Југославија, како и на централните комитети на републиканските комунистички партии. Барањата биле во голема мера позитивно решени, но имало случаеви каде министерството ја одбил личноста покрај неговото одобрување од народните комитети.. Кадровската администрација повремено укажуваше на недоследности во примената на Законот за Партизанска споменица 1941, организирајќи состаноци со лицата одговорни за нејзиното доделување.[23]

Доделувањето на споменикот било прекинато неколку пати — јануари 1947 година, февруари 1951 година, март 1952 година и април 1955 година. Според Правилникот за користење на Партизанската споменица 1941 од јули 1946 година, рокот за замена на старите споменици и издавање нови била 1 јануари 1947 година, но дотогаш оваа работа не била завршена, а во меѓувреме пристигнале нови барања. Потоа било одлучено спомениците да не бидат доделени привремено, а новиот рок за доделување бил поместен за февруари 1951 година. Поради големиот број на нови барања, особено од оние борци кои се приклучија на партизаните во 1941 година и беа ангажирани во позадина, работата за доделување на спомениците не била завршена до предвидениот рок, па затоа новиот рок беше поставен за март 1952 година.[24]

Thumb
Партизанска споменица 1941.
Повеќе информации Народна република, Мажи ...

Доделувањето на Партизанската споменица 1941 било дискутирано во јануари 1951 година од страна на Контролната комисија на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија. Според статистиката за доделените споменици дотогаш (18.221), најголемиот број им биле доделени на борци-партизани од Народна Република Хрватска (40,1%) и Народна Република Босна и Херцеговина (30,1%). Контролната комисија подоцна забележала одредени неправилности во доделувањето во овие две републики, во Хрватска забележале дека речиси секој член на Националноослободителниот комитет бил носител и дека спомениците им се доделуваат на оние кои немале право да ја добијат. Во тоа време, било заклучено дека не е препорачливо да се одземат спомениците, туку дека во случаи на очигледни грешки тоа треба да се изврши.[25]

Во првата половина на 1950-тите бројот на апликанти за Партизанската споменица 1941 се зголемило, така што во почетокот на 1955 година имало околу 1.500 апликанти. Во тоа време, било донесено одлука да ги препратат апликациите до останатите сојузни држави во Југославија. Но не биле успешни. На крајот на годината Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија донела одлука да прифати само 270 апликанти. Додека остантите биле одбиени. Оваа одлука на ЦК на КПЈ предизвикала незадоволство меѓу одбиените борци-партизани. Некои почнале да се обраќаат кон највисоките државни и политички органи. Поради тоа во декември 1956 година проблемот бил дискутиран на состанок со Организационо-политичкиот секретар на ЦК на КПЈ, кој, заедно со Државниот секретар за народна одбрана (ДСНО), одлучиле да најдат конкретно решение за дилемата и да ги проверат останатите апликанти.[26]

Thumb
Орден на народен херој со Партизанска споменица 1941.

Со оваа одлука, повторно бил обновет процесот за доделување на Партизанската споменица 1941. Начини и методи за спроведување на одлуката биле испратени до централните комитети на останатите сојузни држави. Централните комитети ангажирале пониски комитети со оваа цел. Организирале собири на ветерани, на кои се дискутирале спорните барања. Од 1957 до септември 1961 година 81 службеници ги проверувале апликантите, а во ДСНО било формирано посебна комисија, која била составена од претставници на ДСНО и претставници на останатите сојузни држави. Задачата на оваа комисија била да подготви конечни решенија за ДСНО.[26]

Поради новата можност бројот на апликанти се зголеми, во 1957 година имало сѐ вкупно 33.606 нови барања, од кои повторно мнозинството доаѓало од Хрватска и Босна и Херцеговина (75%). Но врз тоа имало и 11.488 нерешени барања во ДСНО од претходните апликанти. Вкупниот број на апликанти се надуе на 45.094. Меѓу новите барања имало 81 барање од лица родени во 1928 година и подоцна. Во периодот од 1946 до 1951 година, на лица на слична возраст им биле доделени 19 спомен-обележја,[б 6] но во 1951 година таквите барања биле одбиени, поради внатрешна одлука од ЦК на ЈНА дека овие лица биле премногу млади во 1941 година за нивната работа во Националноослободителната борба да биде основа за добивање на Партизанска споменица 1941.[26]

Во 1961 година КПЈ донела одлука за доделување на Партизанската споменица 1941 на сите предвоени и лидери на партијата, со постојана партиска служба, кои заминале во странство пред востанието во 1941 година. Тие биле — учесници во Шпанската граѓанска војна (41); лица интернирани по окупацијата на Југославија (главно во логори во Норвешка), како политички небезбедни (310); лица испратени во странство од страна на партиското раководство пред востанието (10); членови на Комунистичката партија на Југославија кои, како заробени припадници на Југословенската армија, ја продолжиле партиската работа во овие околности (64). Вкупно имало 425 нови добиници. Исто така, во 1961 година било одлучено да се додели Партизанската споменица 1941 на 91 Македонци кои биле насилно мобилизирани во бугарската армија, но активно работеле за Народноослободителното движење, без оглед на тоа дали се приклучиле на единиците на НОВЈ по напуштањето на бугарската армија или, по наредба на раководството на НОП, продолжиле со организирана и активна работа зад непријателските линии.[27]

Од 45.094 барања (кои, според амандманот од 1957 година на Законот за Партизанска споменица 1941, требало да бидат решени до 31 декември истата година), до 1 септември 1962 година, 41.291 (91,6%) биле одбиени, а 3.803 (8,5%) биле примени. Во периодот од 1959 до 1963 година, поднесени се вкупно 14.406 жалби против првостепените одлуки, од кои 263 биле уважени, а поднесени се и 183 барања за повторување на постапката, кои биле прифатени. Во текот на 1963 година, 169 лица повторно добиле Партизанска споменица 1941 откако им било одземено претходно. Вкупниот број на добитници во периодот од септември 1944 до 1963 година изнесува 27.629.[1]

Повоени закони за Партизанската споменица 1941 и нејзините носители

На 14 ноември 1955 година, народното собрание на Југославија донело нов закон со кој Партизанската споменица 1941 како комеморативен медал бил отстранет од списокот на одликувања на ФНР Југославија. На 28 март 1956 година, народното собрание донело дополнителен закон за правата на носителите на Партизанската споменица 1941.[5] На 17 октомври истата година, Законот за дополнување на Законот за Партизанската споменица 1941 бил воведен,[28] со кој дополнително се регулирале правата на носителите на медалот.[6] На 21 ноември 1957 година, Државниот секретар за народна одбрана го издал Правилникот за спроведување на Законот за Партизанската споменица 1941, со кој појасно се дефинирале правилата за негово доделување, кој биле првпат воведени во 1946 година. Член два од Правилникот наведува:

Во барањето за доделување на ослободителната награда, (Партизанска споменица 1941 б.н.) апликантот е должен да го наведе своето учество во НОБ. Кон барањето мора да бидат приложени изјави од најмалку двајца носители на ослободителната награда за учеството на апликантот во НОБ кои се запознаени со неговото учество. Кон барањето може да се приложат и други писмени докази за таквото учество, а апликантот може да се повика и на други докази.
Thumb
Различен модел на Партизанската споменица 1941. Изработен со две алтернативни модели — со шраф (лево) и со штипка (десно).

Подоцна, Советот на народите и Социјално-здравствениот совет на Сојузното собрание донело нов закон за основните права на носителите на Партизанската споменица 1941 на 15 декември 1972 година, според кој носителите на Партизанската споменица 1941 имале право на здравствена заштита и финансиски бенефиции поврзани со обезбедување на здравствена заштита: право на додаток на пензија; право на постојан месечен паричен приход; право на годишен паричен приход за закрепнување; право на бесплатно и привилегирано патување со јавен превоз и право на годишен одмор. Исто така, членовите на семејството на носителот на Партизанската споменица од 1941 година го остварија правото на здравствена заштита, а по неговата смрт ги остварија и основните права на здравствена заштита: додаток на пензија, постојан месечен паричен приход и надомест за трошоци за погреб.[29][6]

Законот за основните права на носителите на Партизанската споменица 1941 биле изменети на 13 јули 1973 година, 20 јули 1976 година, 9 јуни и 8 декември 1981 година, 14 мај и 27 декември 1985 година, 25 јули 1989 година, 11 април и 26 јули 1990 година. Сите измени и дополнувања на законот исклучливо се однесувале спрема членот на законот што го организира: правото на додаток на пензија, правото на постојан месечен приход, како и правото на годишен приход за закрепнување, и биле усогласени истовремено со измените на Законот за воените инвалиди и Законот за основните права на лицата одликувани со Орден на народен херој.

По распадот на СФР Југославија, носителите на Партизанската споменица 1941 продолжија да ги употребуваат привилегиите што ги стекнале во новоформираните држави. Во Сојузна Република Југославија, нивните права биле регулирани со Законот за основните права на ветераните, инвалидите од борците и семејствата на паднатите ветерани, кој бил воведен со одлука од тогашното собрание на 12 мај 1998 година, а кој важело во Република Србија сѐ до донесувањето на Законот за правата на ветераните, инвалидите од борците, цивилните инвалиди од борците и членовите на нивните семејства, кој бил усвоен од Народното собрание на Република Србија на 29 февруари 2020 година.

Повеќе информации Датум, Правен акт ...
Remove ads

Изглед на Партизанска споменица 1941

Thumb
Книшката на Виктор Галичиќ. Носители на споменицата добиле книшка кои ги осигурила нивните привлегии.

Два модела била изработени за Партизанската споменциа. Првиот го изработиле Ѓорѓе Андрејевиќ Кун, сликар од Белград и Антун Аугустинчиќ, вајар од Загреб. Скицата за првиот модел е обработена есента 1943 година, заедно со првите одликувања на Социјалистичка Југославија и грбот на државата. Првите примероци биле направени во текот на 1944 година во Советскиот Сојуз.[30] Првиот модел на Партизанската споменица 1941 е составена од црвена емајлирана издолжена петокрака ѕвезда, на која лежи овален медал. Медалот прикажува борец со главата свртена назад. Борецот држи развеано знаме на кратко копје во десната рака. По долниот лев раб на медалot, меѓу јарболот на знамето и десната нога на борецот, го содржи натписот „1941“ дијагонално. Медалот е обрабен со ловоров венец. Меѓу краците на ѕвездата се вкрстени секири и пушка, од кои се видливи само горниот и долниот дел.[30][10] Овој модел е направен од бронза, со, како што е наведено, емајлирани краци на црвената ѕвезда. Димензиите на првиот модел се 40 x 37 мм.[30] Опишувајќи го примерокот во Историскиот музеј на Хрватска, истражувачот Борис Пристер наведува дека неговите метални делови се изработени од слабо посребрена бронза.[10]

Вториот модел на Партизанската споменица 1941 е воведена со Законот за Партизанската споменица 1941 во мај 1946 година[31] и е опишан во точка 2. Составено е од две петкраки ѕвезди, чии краци се вкрстуваат. Помалата ѕвезда е позлатена, со мазни површини и испупчен раб. Врвот на ѕвездата е свртена надолу и го содржи натписот „1941“. Поголемата ѕвезда е изработена од сребро, а нејзините краци се во форма на зраци, кои почнуваат од центарот на ѕвездата и се наоѓаат меѓу краците на помалата ѕвезда. Поголемата ѕвезда има фигура на борец во платинско сребро. Борецот, држи знаме во левата рака и главата свртена назад. Со десната рака ги повикува останатите борци на борба.[30] Задната страна на споменикот е мазна, со завртка и навртка за прицврстување на левата страна од градите. Автор на вториот модел е вајарот Антун Аугустинчиќ. Изработен е во ковница „Орешковиќ Марко“ во Загреб, од сребро, со позлатени делови. Вториот модел ги содржи димензиите 46 x 47 мм.[32]

Модели
Првиот модел на Партизанската споменица 1941 (1944-1945) Вториот модел на Партизанската споменица 1941 (1946-1963)
Thumb
Thumb
Remove ads

Во останатите Југословенски држави

Thumb
Мозаик од Партизанската споменица 1941 во Ужице.

Партизанската споменица 1941, како и неговите носители, имале високо значење и чест во културата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. После 1963 година, кога прекинале со доделувањето, медалот не бил рангиран во однос со останатите југословенски одликувања. Покрај тоа нејзиното значење сѐ уште било почитувано. Поради тоа што, со исклучок на Орденот на народен херој, Партизанската споменица 1941 било едиственото одликување во Југославија кои осигурирало материјални и парични средства. Носители на споменицата го добиле прекарот првоборци или споменичари.

Улици, плоштади, основни училишта, пионерски одреди, младински работни бригади, чети итн. биле именувани по чест на истакнати носители на Партизанската споменица 1941, а честопати им биле подигнати споменици или спомен-плочи. На многу гробишта боче формирани посебни улички во кои биле погребани.[33] Неколку улици во Србија се именувани во чест на носители, вклучувајќи улици во Ариље, Белград и Врање.

По повод дваесетгодишнината од востанието во Југославија, во 1961 година, на фасадата на зграда на Партизанскиот плоштад во Ужице, кој во есента 1941 година бил центар на слободна територија, сликарот Маринко Бензон направил мозаик од Партизанската споменица. Бидејќи во времето на прославата и отворањето на Партизанскиот плоштад, во јули 1961 година, мозаикот сè уште не бил завршен, на негово место било поставено платно насликано со Партизанскиот споменик, додека мозаикот бил довршен неколку месеци подоцна.[34][35]

Медалот како споменик на фашистичкиот терор

Thumb
Униформата на Јосип Броз Тито со Партизанската споменица 1941.

За разлика од Партизанската споменица 1941, кој се доделувала само на живи борци, на семејствата на паднатите борци и жртви на фашистичкиот терор им биле доделени посебни спомен-обележја — Споменик на паднатите борци во НОБ и Споменик на жртвите на фашистичкиот терор од страна на окупаторите и нивните слуги. Двата спомен-обележја биле основани и воведени на 29 ноември 1950 година, по предлог од Сојузот на борци од НОБ (СУБНОР).[36][37]

Тие биле доделени на семејства или роднини на паднатите борци, т.е. жртви на фашистичкиот терор. Споменикот на паднатите борци бил издаден од Министерството за народна одбрана на ФНРЈ, додека Споменикот на жртвите на фашистичкиот терор бил доделен според територијалниот принцип и го доделувал Президиумот на Народното собрание на републиката од чија територија била жртвата на фашистичкиот терор.[38][37]

Споменик на паднатите борци во горниот дел содржи слика од грбот на ФНРЈ, сместен помеѓу знамето на ФНРЈ и знамето на Комунистичката партија на Југославија, додека во средината е името на паднатиот борец и текстот:[37]

...кој, одговарајќи на повикот на Комунистичката партија на Југославија во борбата против фашистичките окупатори и нивните домашни предавници, го жртвувал својот живот за слобода и независност, за братството и единството на народите на Југославија, за моќта на работниот народ и победата на народната револуција.

Споменик на жртвите на фашистичкиот терор во горниот дел го има грбот на народната република што го издала споменикот, додека во средината е името на жртвата и текстот:[37]

...кој падна како жртва на фашистичкиот терор за време на НОБ и Народната револуција од 1941-1945 година. Благодарната татковина, ослободена од херојската борба на народот под водство на Комунистичката партија и другарот Тито, никогаш нема да ги заборави мачените жртви врз чии коски била изградена слободата и независноста на народот на ФНР Југославија.

Во позадината на Споменикот на жртвите на фашистичкиот терор стој слика од Стјепан Филиповиќ, меѓу најпочитуваните партизани во српската историографија.

Remove ads

Забелешки

  1. 45% од добитниците на медалот меѓу 1944 и 1963 година.[15]
  2. Подоцна се претворило во Народното собрание на Југославија.
  3. Овоа право било подоцна усвоено на 4 декември, 1946 година.[22]
  4. Во тоа време министер за народна одбрана бил Јосип Броз Тито. После 1953 година го заменил Иван Гошњак.
  5. 66% од вкупниот број на доделени Партизански споменици 1941.
  6. Шест во Босна и Херциговина, четири во Црна Гора, Србија и Хрватска додека Словенија добила една. Само Македонија немала.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads