Салцбург

град во Австрија From Wikipedia, the free encyclopedia

Салцбургmap
Remove ads

Салцбург (правилно: Залцбург, (германски: Salzburg) — четврти град по големина во Австрија, сместен во средишниот дел на државата. Претставува административен, економски и културен центар на истоимената покраина Салцбург. Салцбург е познат по барокниот стил, еден од најзачуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така, познат е и како "град на класичната музика", благодарение на Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде. Салцбург е познат и по блискоста на Алпите и познатите алпски зимски центри, па затоа го викаат „Врата на Алпите“.

Кратки факти Салцбург Salzburg, Земја ...
Remove ads

Географија

Салцбург се наоѓа во средниот дел на Австрија, на околу 15 километри од границата со Германија, така што тој е најблизок поголем град на германскиот Минхен, оддалечен 150 километри. Според релјефот, сместен е во подножјето на Алпите. Климата е умереноконтинентална со благо влијание на планинска клима поради близината на планините. Водите ги застапува реката Залцах која тече низ градот.

Население

Со 150.000 жители Салцбург е четврт град по големина во државата. Околината на градот има повеќе од 210.000 жители. Треба да се напомене дека тука живеат и работат многу студенти и работници од разни места на светот и секојдневно градот е посетен од илјадници туристи.

Салцбург како тема во уметноста и во популарната култура

Салцбург се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads