Вестерботен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вестерботен (швед. ⓘ) или Западна Ботнија е покраина (landskap) на северот на Шведска. Се граничи со покраините Онгерманланд, Лапонија, Норботен и Ботнискиот Залив. Позната е по своето сирење кое го носи името на покраината.
Remove ads
Управа
Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка функција, туку постојат само како културно-историски целини. Административниот округ Вестерботен се состои од сета истоимена покраина и јужниот дел на шведска Лапонија.
Географија
Вестерботен се дели на градови и реони.
Градови
- Умео
- Шелефтео
Највисока планина е Омлиден (550 м), а најголемо езеро е Бигдетрескет (29,2 км2)
Историја

Сè до завршувањето на Финската војна (или Руско-шведска војна) од 1808-1809 и Фредриксхамнскиот мировен договор, покраината Вестерботен опфаќала и мал дел од денешна Финска. Потоа тој дел ѝ припаднал на финска Лапонија.
Во 1810 округот Вестерботен е поделен на два дела. Северниот дел го добил името Норботен. Потоа мештаните во Норботен почнале да се нарекуваат Норботјани. Вака исцртаните граници постепено создале локален идентитет. Денес Норботен е посебна покраина.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads