Вестерштеде

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вестерштедеmap
Remove ads

Вестерштеде (германски: Westerstede; долногермански: Westerstäe) — град и административно седиште на округот Амерланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа околу 20 километри северозападно од слободниот град Олденбург.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Вестерштеде во рамките на округот Амерланд ...

Познат е по одржувањето на фестивалот „Родо“, што е најголема изложба на рододендрони во Европа. Фестивалот се одржува на секои четири години.

Remove ads

Географија

Вестерштеде се наоѓа околу 20 километри северозападно од Олденбург на сојузниот автопат А28 и на околу 30 километри од градот Лер.

Градски единици

Градското подрачје на Вестерштеде се состои од 49 градски единици: Бургфорде, Егелоге, Фелде, Фикенсолт, Гарнхолт, Гиселхорст, Халсбек, Халструп, Холриде, Холвеге со Холвегерфелд, Хилштеде, Ихаузен, Ихорст, Карлсхоф, Линсвеге, Линсвегерфелд, Манзи, Линдерн, Морбург, Нојенгланд, Охолт, Ховик, Охолтерфелд, Оленхарде, Петерсфелд, Зегерн, Тарбарг, Торсхолт, Вестерлој, Вестерлојерфелд и Вестерштедерфелд.

Remove ads

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:

Партија 11.9.2016[3] 11.9.2011 10.9.2006 9.9.2001
CDU 38,95 %12.31813 места 34,1 %9.81712 места 37,7 %10.85713 места 31,5 %9.05811 места
SPD 22,90 %7.2448 места 25,8 %7.4119 места 22,9 %6.5888 места 32,9 %9.46412 места
FDP 11,18 %3.5384 места 15,8 %4.5555 места 23,8 %6.8528 места 18,5 %5.3126 места
Grüne 10,12 %3.2013 места 13,5 %3.8744 места 6,0 %1.7142 места 5,9 %1.6882 места
UWG 15,00 %4.7465 места 10,8 %3.0994 места 9,6 %2.7523 места 11,0 %3.1684 места
Самостоен кандидат 576 %5761 место
Излезност 10.882 од 18.470 9.993 од 18.027 10.031 од 17.610 9.939 од 16.815
58,9% 55,4% 57,0% 59,1%

Градоначалник

Градоначалник на градот Вилдесхаузен е Михаел Реснер (UWG).

Збратимени градови

Вестерштеде е збратимен со следниве градови:[4]

Remove ads

Сообраќај

Железничката станица во Вестерштеде се наоѓа во селото Охолт, 6 километри јужно од градот. Низ станицата поминуваат возови до Лер и Олденбург на секој половина час.

Познати луѓе

  • Ајлхардус Лубинус (1565–1621) — професор
  • Фридрих Титјен (1834–1895) — астроном
  • Волфганг Хакбуш (р. 1948) — математичар
  • Бруно Штајнхоф (р. 1937) — стопанственик

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads