Вестманланд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вестманланд
Remove ads

Вестманланд (швед. Västmanland) е историска покраина (landskap) во средна Шведска. Се граничи со покраините Седерманланд, Нерке, Вермланд, Даларна и Упланд.

Кратки факти ВестманландVästmanland, Земја ...

Името е изведено од поимот „западни луѓе“, што се однесува на населението западно од Упланд, средишна покраина на дамнешна Шведска.

Remove ads

Управа

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на Вестманланд, административниот округ Вестманланд го зафаќа само источниот дел на покраината. Западниот дел му припаѓа на округот Еребру.

Географија

Теренот на север и северозапад е карпест. Тука се сместени највисоките планини: Елвхејден (422 м) и Килершклак (408 м).

Останатите делови на покраината се главно рамничарски.

Најголемо езеро е Меларен, кое лежи на јужната граница на покраината. Ова е трето езеро по големина во земјата.

Западен Вестманланд во минатото припаѓал на рударското подрачје Бергслаген.

Remove ads

Историја

Најстар град во Вестманланд е Вестерос, основан околу 990. Најпрвин бил покраински центар, а од 1120 и седиште на Вестероската епархија. Вестерос и денес е најголем град во покраината. Градот и неговата општина бројат 130 000 жители.

Во минатото, статус на град имале Арбуга, (од XII век), Шепинг (од 1474), Сала (од 1624), Линдесберг и Нура (обата од 1643), и Фагерста (1944). Во 1971 е градот е укинат како управна единица (за сметка на општината), па затоа овој статус денес е чисто историски .

Рудниците Нурберг и Хинскатеберг датираат од XIV век. Рудникот Линдесберг е отворен во XVI век.

Знаменитости

Старата Енгелсбершка железарница е прогласена за светско наследство на УНЕСКО.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads