Даларна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Даларна
Remove ads

Даларна (швед. Dalarna) или Далекарлија — историска покраина (landskap) во средна Шведска.

Кратки факти ДаларнаDalarna, Земја ...

Се граничи со покраините Херједален, Хелсингланд, Јестрикланд, Вестманланд и Вермланд. На запад се граничи со Норвешка.

Името на покраината значи „долини“. Ова е популарно летно одредиште за жителите од југот поради добриот риболов, убавите кампови и густите шуми. Побогатите имаат викендички. Лете во селата и градовите се одржуваат разни слави и фестивали со народни игри. Покраината има богата историја и свои зачувани обичаи и наречје. Во историјата жителите на Даларна биле познати по вековниот стремеж за независност.[2]

Remove ads

Управа

Покраините во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на покраината Даларна, управните граници на округот Даларна се речиси исти како покраинските, освен дел од северизападниот дел на Хамра (Орша Финмарк), која влегува во состав на округот Јевлеборг.

Географија

Во средината на покраината се наоѓа езерото Силјан. Поважни реки се Вестердалелвен и Естердалелвен, кои се влеваат во поголемата река Далелвен.

Низ севердниот дел од покраината се протега дел од Скандинавските Планини. Пределите се планински и имаат многу леднички езера. Јужниот дел е рамничарски и има неколку рудника. Најзастапен метал е бакарот.

Највисока точка е планината Стурветешогна (1204 м), а најниската точка (55 м) се наоѓа во југоисточниот дел.

Градови

Даларна ги опфаќа следниве градови:

  • Авеста
  • Борленге
  • Лудвика
  • Сетер
  • Фалун
  • Хедемура

Други места

  • Внасбру
  • Елвдален
  • Идре
  • Лександ
  • Малунг
  • Мура
  • Орша
  • Ретвик
  • Селен
  • Телберг

Национални паркови

Thumb
Џиновски далски коњ во центарот на Авеста.
Remove ads

Историја

Покраината Даларна била дел од крајот Свеаланд пред обединувањето на Шведска (XI век).

Во покраината започнале три значајни буни:

  • Во 1434, предводени од Енгелбрект Енгелбректсон, рударите се дигнале на бунт против угнетувачите во служба на кралот Ерик Померански.
  • Во 1519–1523 Густав I Васа меѓу рударите ги стекнува своите најверни приврзаници во буната против Калмарскиот сојуз под водство на данскиот крал Кристијан II.[2]
  • Во 1743 се кренала Даларнската буна против политичката група „Шапки“ - последна важна селанска буна во Шведска.

Култура

Thumb
Жена од Лександ во носија (1911)

Даларна има богата и карактеристична народна култура со својствена музика, живопис и ракотворби. Тука рунското писмо се задржало најдолго од сите места во Шведска - сè до XIX век.[3]

Познат симбол на покраината е „далскиот коњ“ (Dalahäst) кој е изделкан од дрво, а потоа се бои и украсува. Поднебјето е особено погодно за одгледување на коњи бидејќи почвата е богата со калциум.

Помеѓу Селен и Мура, секоја година се одржува скијачката трка „Васалопет“ (Vasaloppet = „Васина трка“), која е најдолгата светот (90 км). Трката се одржува во чест на бегството на Густав Ериксон (подоцна крал Густав I Васа) од данската војска во 1520.

Рударското подрачје Стура Копаберг („Голема Бакарна Планина“) во Фалун е прогласено за светско наследство на УНЕСКО.

Remove ads

Познати личности

  • Густаф де Лавал - изумител
  • Карл Ларсон - сликар
  • Андерс Цорн - сликар

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads