Вестморленд (округ во Вирџинија)
округ во сојузната држава Вирџинија, САД From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вестморленд (англиски: Westmoreland County) — округ во Северен Нек во сојузната американска држава Вирџинија. Според пописот од 2000 година, округот има околу 16.718 жители и главен центар на округот е градот Монтрос. Овој округ е познат по тоа што е родно место на првиот американски претседател - Џорџ Вашингтон. Вашингтон е роден во тогашната населба Бриџес Крик, а овој округ е родно место и на петтиот американски претседател - Џејмс Монро, меѓу останатите видни американски општественици од Вестморленд.[1]

Remove ads
Географија
Според Заводот за статистика на САД, округот има вкупна површина од 655 км2, од кои 593 км2 се земја, а 60 км2 се вода. Овој округ се наоѓа на полуостровот Северен Нек во сојузната држава Вирџинија.
Округот Вестморленд граничи со следните окрузи:
- Округ Чарлс - север
- Округ Сент Мери - североисток
- Округ Нортамберленд - југоисток
- Округ Ричмонд - југ
- Округ Есекс - југозапад
- Округ Кинг Џорџ - југозапад
Remove ads
Градови
- Колониал Бич
- Монтрос
Поврзано
- Вирџинија
- Национален споменик на родното место на Џорџ Вашингтон
- Окрузи во Вирџинија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads