2000
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
2000 беше престапна година која започнува во сабота според грегоријанскиот календар. Популарната култура исто така ја смета 2000 за прва година на 21 век и 3 милениум. По строго толкување на грегоријанскиот календар, сепак, оваа одлика и припаѓа на 2001 година.

Годината 2000 е исто така обележана како:
- Меѓународна година на културата и мирот.
- Светска математичка година.
Remove ads
Настани
јануари
- 1 јануари - Милениумски прослави секаде низ светот. Y2K поминува без сериозните, раширени компјутерски откажувања и проблеми што се предвидени претходно.
- 10 јануари - America On-line го обзнанува договорот за купување на Time Warner за 162 билиони долари. Ова е најголемата корпорациска интеграција било кога.
февруари
март
- 25 март - Основан е Демократскиот сојуз.
- 26 март - Претседателски избори во Русија: Владимир Путин е избран за претседател.
април
мај
јуни
јули
- 2 јули - Франција ја победува Италија 2-1 во финалето на Европското првенство во фудбал.
- 5 јули - Излегува првиот број на дневниот весник „Вест“.
- 18 јули - Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската влада.
- 25 јули - Надзвучен патнички авион „Конкорд“ се урнува веднаш по полетување од Париз, убивајќи ги сите 109 патници и уште 5 лица на земја.
- 27 јули - Извршена е реконструкција на владата на Љубчо Георгиевски.
август
септември
- 10 септември – Во Македонија се одржува првиот круг од локалните избори.
- 15 септември - Отворена е Летната олимпијада во Сиднеј, Австралија.
октомври
- 4 октомври - Српскиот претседателот Слободан Милошевиќ ја напушта функцијата по демонстрациите низ Србија и повлекувањето на руската поддршка.
ноември
- 7 ноември - Претседателски избори во САД: републиканецот Џорџ В. Буш го поразува демократот, потпретседателот Ал Гор, но конечниот резултат е непознат уште месец дена заради проблеми со гласовите во Флорида.
декември
Светско население
Remove ads
Родени
Починале
- 19 јануари - Бетино Кракси, италијански премиер
- 20 јануари - Славко Јаневски, македонски писател
- 12 февруари - Чарлс М. Шулц, творец на стрипот Снупи
- 6 април - Хабиб Бургиба, туниски претседател
- 10 јуни - Хафез ел Асад, сириски претседател
- 6 јули - Лазар Колишевски, македонски политичар
- 5 август - Сер Алек Гинис, британски глумец и писател (роден 1914)
- 20 септември - Герман Титов, советски космонаут
- 22 септември — Јехуда Амихај, израелски писател
- 22 ноември - Емил Затопек, чешки атлетичар
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads