Вети Пазар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вети Пазарmap
Remove ads

Вети Пазар (Ветки, Вети, Вехти Пазар) или Ескиџе (грчки: Ποντοχώρι, Пондохорион; до 1956 г. Παλαιό, Палео[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.197 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Вети Пазар Αξός, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во Солунското Поле, 5 км западно од градот Ениџе Вардар (Пазар).

Историја

Во Отоманското Царство

На почетокот на XX век Вети Пазар било село во Ениџевардарската каза. Турците го нарекувале Ескиџе, а Грците — Палео; трите имиња означуваат Стар Пазар, поради тоа што се смета дека ова било старото место на градот Ениџе Вардар (Пазар).[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Вехти Пазар броел 240 жители Македонци.[4][5]

Во селото работела бугарската пропаганда. Целото население било под врховенството на Бугарската егзархија, а подоцна е отворено и бугарско училиште. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Вехти Пазар (Vehti-Pazar) имало 280 Македонци, сите под егзархијата.[4][6]

Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев напишал во 1909 г.:

Вехти Пазар (Ескиџе), 10/III, 12 ч. од В’дришта. 30 македонски егзархиски куќи, чифлик. Се издржуваат само од земјоделство. Црквата затворена, нема никакви имоти. Училиште сега за првпат се отвора. Училиштето е двокатно, со две простории: училница и станбена соба. Училницата е со големина од 4×6×2½ метри, има дрвен под, таван и 5 прозорци.[4][7]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во овој период селото се состоело од 20 куќи, од кои половината погрешно ги води како ромски.[3]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 212 жители, кои во 1920 г. спаднале на 155.[3] Во 1924 г. властите присилно иселиле 89 жители во Бугарија и довеле грчки колонисти од кападокиските села Аксос и Трохос во Турција, на кои им изградиле нова населба Неон Палеон (Нов Вети Пазар, или буквално Ново Старо)[3] непосредно до постоечката. Во 1928 г. во старото село останале десетина македонски семејства; на пописот од таа година заедно се попишани старото и новото село, со вкупно 894 жители, а според други податоци, населбите состоеле од 904 дојденци (267 семејства), занемарувајќи ги македонските староседелци.[8]

Во 1940 г. Вехи Пазар се води како посебно село со 252 жители. Според статистиката на НОФ, во 1947 г. селото имало 290 жители, од кои 40 Македонци и 250 грчки дојденци.[3] Во 1951 г. имало 114, а 1961 г. — 166 жители. Оттука населението почнало значајно да се намалува, со 88 во 1971, 45 во 1981 и 62 лица во 1991 г. Причината за ова е иселувањето на дојденците во Ениџе Вардар, кои, заради неговата близина, сепак можат да го обработуваат имотот во Вети Пазар. Поради ова иселување, старото село Македонците станале мнозинство.[3] Во 1990-тите селото престанало да се смета за посебно и е врбојано кон новата населба, па затоа отсуствува од следните пописи.

Во 1956 г. селото е преименувано во Аксос, по едно од селата на дојденците од Кападокија. Црквата е посветена на Свети Григорј и Свети Ѓорѓи, светците на двете кападокиски села.[9]

Во истото време, Неон Палеон (Нов Ветхи Пазар) се развивал независно. Во 1940 г. имал 1.117 жители, по што претрпел периоди на растеж и пад, најверојатно поради иселувања.

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

За периодот од 1940 до 1991 г. напоредно се дадени бројките на старото и новото село — Ветхи Пазар (Палеон) и Нов Ветхи Пазар (Неон Палеон). Во следните пописни години не се водат како посебни населени места.

Стопанство

Селото се смета за мошне богато поради плодната земја која се наводнува. Најзастапено е овоштарството, а се одгледуваат и житни култури, памук и др. Доста развиено е и краварството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads