Видринец

остров во Малото Преспанско Езеро From Wikipedia, the free encyclopedia

Видринецmap
Remove ads

Видринец (грчки: Βιδρονήσι; Видрониси) — мал остров во областа Голема Преспа, Егејска Македонија. Сместен е во Малото Преспанско Езеро, денес во состав на општината Преспа на Леринскиот округ, Егејска Македонија.fмап

Кратки факти Географија, Координати ...
Thumb
Поглед на Видринец (лево) и Свети Ахил (десно) во Малото Преспанско Езеро.
Remove ads

Местоположба

Острвоот е ненаселен и се наоѓа околу еден километар од брегот на с. Л’нки. Недалеку од него, посеверно во езерото, се наоѓа доста поголемиот и попознатиот остров Свети Ахил. На Видринец се наоѓа запустената Видринечка црква (ΧIII - XIV век), а целиот остров зафаќа 3 хектари.[1]

Клима

Климата е умерена. Просечната годишна температура е 10 °C. Најтопол месец е јули, со просечна температура од 22 °C, а најстуден е јануари, со -2 °C.[2] Просечната годишна количина на врнежи изнесува 1.001 мм. Највеќе врнежи има во февруари, со просек од 114 мм, а најсув е август, со 33 мм.[3]

Птици

На островот се гнездат птици од разни видови, кои се единствените негови жители. Често можат да се видат јата корморани и пеликани, својствени за целиот преспански крај.[4]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads