Преспа (општина)
општина во Леринскиот округ, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Преспа (грчки: Δήμος Πρεσπών, Димос Преспон) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Зафаќа површина од 514.8 км2. На север се граничи со Општина Ресен (Р Македонија), на запад со областа Горица (Албанија), а на југ и запад со окрузите Костур и Лерин. Административен центар е селото Р’мби (денес Лемос).
Remove ads
Население
Според пописот од 2021 година, општината имала 1,211 жители, со густина на населеност од 2.353/км2. При споредба на пописите од 2011 и 2021, населението во општината има негативен тренд, односно опаднало за -2.4%.[1]
Во однос на државјанство, според пописот од 2011 година 1,376 (88.2%) граѓани имале грчко државјанство, 5 граѓани имале државјанство на некои од земјите на Европската Унија и 179 граѓани имале државјанство на друга држава.[2]
Remove ads
Населени места

Општината Преспа е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на две стари административни единици — општината Преспа и општинската целина Смрдеш. Важи за планинска општина.[3]
Општинска единица Преспа
Општинската единица Преспа е сместена на територијата на историско-географската област Голема Преспа (дел од Долна Преспа), која во Грција денес се нарекува само Преспа (Πρέσπες, Преспес). Во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места:


- Општински оддел Р’мби
 - Општински оддел Ахил
 - Општински оддел Герман
 - село Герман (Άγιος Γερμανός, Агиос Германос)
 
 - Општински оддел Граждано
 - село Граждано (или Граждено; Βροντερό, Врондеро)
 
 - Општински оддел Желево
 - Општински оддел Л’нки
 - село Л’нки (Л’нги, Л’к или Лок; Μικρολίμνη, Микролимни)
 
 - Општински оддел Нивици
 - село Нивици (Ψαράδες, Псарадес)
 
 - Општински оддел Оровник
 - Општински оддел Песодер
 - село Песодер (или Писодер; Πισοδέρι, Писодери)
 
 - Општински оддел П’пли
 - село П’пли (Λευκώνας, Левконас)
 
 - Општински оддел Рудари
 - село Рудари (Καλλιθέα, Калитеја)
 
 - Општински оддел Трново
 - село Трново (Трнаа или Трнава; Πράσινο, Прасино)
 
 - Општински оддел Штрково
 - село Штрково (Πλατύ, Плати)
 
 

На територијата на општинската единица има и неколку села кои денес немаат постојано население или се во рушевини:
Општинска единица Смрдеш

Општинската единица опфаќа три села од областа Корешта, кои традиционално се сметаат за костурски, а не лерински. Општинската единица Смрдеш е со седиште во с. Смрдеш (Кристалопиги).
- Општински оддел Смрдеш
 - село Смрдеш (Κρυσταλλοπηγή, Кристалопиги)
 
 - Општински оддел Брезница
 - село Брезница (Βατοχώρι, Ватохори)
 
 - Општински оддел Рулја
 - село Рулја (Κώτας, Котас)
 
 
На територијата на општинската единица се наоѓало и иселеното село В’мбел (Мосхохори), кое административно се води како дел од Смрдеш.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


