Видухова (Западнопоморско Војводство)
село во Западнопоморското Војводство, Полска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Видухова (полски: Widuchowa; германски: Fiddichow, Фидихов) — село во Грифинскиот Округ на Западнопоморското Војводство во северозападна полска, на самата граница со Германија (округот Укермарк). Сместено е во општината Видухова и претставува нејзино седиште.[1] Лежи на 15 км југозападно од Грифино и 35 км јужно од војводското седиште Шчеќин. Во 2008 г. Видухова имало 1.354 жители.[2]
Оваа статија се однесува на село во северозападна Полска. За истоименото село во јужна Полска, погл. Видухова (Светокришко Војводство).
Сè до 1945 г. селото било во Германија. Кога прешло во полска, во прво време го носело неофицијалното име „Видухово“ (Widuchowo)[3][4] На 12 ноември 1946 г. го добило денешното име.[5]
Во селото работел речниот граничен премин Видухова-Гарц за пловен сообраќај преку Одра. Престанал да се користи на 21 декември 2007 г. по сила на Шенгенскиот договор.
Remove ads
Познати личности
- Фридрих Залис (1880 – 1914) — германски историчар
- Густав Клајкамп (1896 – 1952) — германски адмирал
- Ото Граф (1915 – 1997) — германски уметник
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads