Општествено уредување

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Општествено уредување или облик на управување — збир од политички институции на власта во една држава која има за цел со нивна помош да раководи со земјата.

Емпириски и поимовни проблеми

Утврдувањето на општественото уредување на една држава навидум се чини лесна задача. Обично се вели дека САД е федеративна република додека пак СССР бил тоталитаристичка држава. Меѓутоа, според излагањата на политиколозите Копштајн и Лихбах, впрочем не е лесно да се дефинира карактерот на режимот во државата.[1] Особено наоѓаме на проблеми кога треба да посочиме кои се елементите од суштинско значење за дадено уредување. Се чини дека е полесно да се утврди уредувањето во една земја отколку да се определат неопходните својства што го образуваат таквиот систем.

Политикологијата веќе долго време се занимава со создавање на типологија или таксономија на политеите бидејќи типологиите на политичките системи не се очигледни.[2] Од особена важност за ова се политиколошките дисциплини компаративна политика и меѓународни односи.

Еден приод кон проблематиката е понатаму да се разгледа карактерот на елементите на еден систем. Во примерот со САД и СССР знаеме дека обете земји распишувале избори, но значајна разлика е тоа што СССР имал еднопартиски систем и сите други партии биле забранети. За разлика од ова, САД има де факто двопартиски систем каде политичките партии подлежат на законски уредби, но не се забранети. Покрај ова, повеќето вестминстерски демократии како Обединетото Кралство и земјите од Комонвелтот имаат барем по три крупни партии. Државите со посредна демократија (на пр. Канада, Индија и САД) сепак се одликуваат со извесен степен на непосредна демократија во облик на рефередуми, како и делиберативна демократија во облик на долги и сложени процедури кога се вршат уставни промени.

Одредувањето на режимот е отежнато и поради фактот што огромен број на политички системи водат потекло од социоекономски движења кои потоа се институционализираат во владата преку политички партии кои се носители на таа идеологија. Поради практичинте и идеолошките врски со извесни системи, може да се сметаат за облици на управување сами по себе.

Remove ads

Карта

Државите во светот обоени според општествено уредување (јануари 2011)
Целосно претседателски републики.
Претседателски републики каде шефот на државата е воедно и шеф на владата.
Полупретседателски републики.
Парламентарни републики.
Парламентарни уставни монархии каде монархот нема лична власт.
Парламентарни уставни монархии каде монархот има лична власт (напати заедно со слаб парламент).
Апсолутни монархии.
Еднопартиски држави.
Воени диктатури (ваквите земји може де јуре да се водат под друго општествено уредување, како да речеме република).
Thumb
Карта на облиците на управување во светот
Remove ads

Поврзано

  • Компаративно управување
  • Список на земји по општествено уредување
  • Список на општествено уредување

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads