Вила Реал

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вила Реал
Remove ads

Вила Реал (Vila Real) е значаен град во Португалија, сместен во неговиот северен дел. Градот е седиште на истоимениот округ, каде сочинува една од општините. Во 2011 година имало 51.850,[1] на површина од 378,80 км2.[2]

Thumb
Плоштадот во Вила Реал

Географија

Градот Вила Реал се наоѓа во северниот дел на Португалија. Од главниот града Лисабон, градот е оддалечен 420 километри северно, а од Порто 100 километри источно.

Релјеф: Вила Реал се наоѓа во планинско подрачје на северозападниот дела од Пиринејскиот Полуостров. Планинското подрачје околу градаот се вика Трасос Монтес. На градот се издига планината Марао. Подрачјето на градот е високо поставено, ридско и ретко населено. Надморската височина на градот е 400–450 m.

Клима: Климата во Вила Реал е блага умерено континентална клима со значајно влијание од Атлантскиот Океан и Голфската струја.

Вода: Вила Реал лежи на малите реки Коржо и Кабрил.

Remove ads

Историја

Подрачјето на градот е населено уште од времето на праисторијата. Корените на денешното население се поврзуваат со среден век, кога тука било средиштето на христијанските цркви за околното подрачје. Вила Реал ги добил градските права во 1925 година.

Градот стагнирал во последниве векови, но градската економија започнала од 1980-те години, односно во XX век.

Население

По последните проценки од 2009 година општината Вила Реал има околу 52 илјади жители, од кои околу 27 илјади живеат на градскоти подручје.

Партнерски градови

  • Менд
  • Оснабрик
  • Оуренсе
  • Грас
  • Оеираас
  • Портимао

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads