Вилки Колинс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вилијам Вилки Колинс (англиски: William Wilkie Collins, 8 јануари 1824 – 23 септември 1889) — англиски романописец, есеист и драматург. Колинс е најпознат по своите романи „Жената во бело“ (1859) и „Месечев камен“ (1868). Во текот на својата писателска кариера, Колинс има објавувано и дела кои се во соработка со Чарлс Дикенс, со кој станала добар пријател

Remove ads
Ран живот
Колинс е роден на улицата „Њу Кавендиш“ 11, Мерилбон, Лондон, син на Вилијам Колинс, добро познат сликар на пејзажи и неговата сопруга Хариет Гедес. Крстен по неговиот татко, тој наскоро бил познат по неговото средно име. Семејството се преселило на улицата Понд, Хемпстед, во 1826 година. Во 1828 година е роден братот на Колинс, Чарлс Олстон Колинс. Помеѓу 1829 и 1830 година, семејството Колинс се преселило двапати, прво на плоштадот Хемпстед, а потоа и на Порчестер.[1] Вилки и Чарлс го добиле своето рано образование во домашни услови од нивната мајка. Семејството Колинс било многу религиозно, а мајката на Колинс инсистирала на редовна посета на црква, што Вилки не го сакал. [2]
Во 1835 година, Колинс започнал да оди на училиште во академијата Маида Вејл. Од 1836 до 1838 година живеел со своите родители во Италија и Франција, што му оставило голем впечаток. Тој научил италијански јазик додека семејството било во Италија и започнал да учи француски јазик, на кој на крајот ќе стане течен говорник.[3] Од 1838 до 1840 година, тој присуствувал на приватното интернатско училиште на Пречесниот Кол во Хајбери, каде бил малтретиран од соученици.[4]
Во 1840 година семејството се преселило на 85 Оксфорд Тераса, Бејзвотер. Кон крајот на 1840 година, Колинс го напуштил училиштето на возраст од скоро 17 години и се вработил како помошник на службеник во фирмата на трговци со чај Антробус и Ко, фирма во сопственост на пријател на таткото на Вилки. Не му се допаѓала неговата канцелариска работа, но работел во компанијата повеќе од пет години.
Колинс започнал да пишува и ја објавил својата прва приказна „Тренерот на последната сцена“ во списанието „Илуминејтед“ во август 1843 година.[5] Во 1844 година отпатувал за Париз со Чарлс Вард. Истата година тој го напишал својот прв роман, „Јолани или Тахити како што беше; романса“, која беше доставена до Чепмен и Хол, но била одбиена во 1845 година. Романот останал необјавен за време на неговиот живот.[1]
Remove ads
Книжевни дела
Некои од избраните дела на Колинс се:

- Антонина, или Падот на Рим (Antonina, or The Fall of Rome, 1850) - роман
- Базил (Basil, 1852) - роман
- Бракот на Габриел (Gabriel's Marriage, 1853) - краток расказ
- Криенка (Hide and Seek, 1854) - роман
- Мртва тајна (The Dead Secret, 1856) - роман
- По темнината (After Dark, 1856) - колекција кратки раскази
- Заледена длабочина (The Frozen Deep, 1857) - драма напишана заедно со Чарлс Дикенс
- Куќа за издавање (A House to Let, 1858) - краток расказ напишан заедно со Чарлс Дикенс, Елизабет Гаскел и Аделејд Ен Проктер
- Опседната куќа (The Haunted House, 1859) - краток расказ напишан заедно со Чарлс Дикенс, Елизабет Гаскел, Аделејд Ен Проктер, Џорџ Сала и Хесба Стретон
- Жената во бело (The Woman in White, 1860) - роман
- Без име (No Name, 1862) - роман
- Армадејл (Armadale, 1866)
- Месечев камен (The Moonstone, 1868) - роман
- Маж и сопруга (Man and Wife, 1870) - роман
- Сиромашната госпоѓица Финч (Poor Miss Finch, 1872) - посветен роман на Франсис Минто Елиот.
- Законот и дамата (The Law and the Lady, 1875) - роман
- Паднатите листови (The Fallen Leaves, 1879)
- Ќерката на Џезабел (Jezebel's Daughter, 1880) - роман
- Црната наметка (The Black Robe, 1881) - роман
- Срце и наука (Heart and Science, 1882–1883) - роман
- Злобен гениј (The Evil Genius, 1885) - роман
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
