Чарлс Дикенс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чарлс Дикенс
Remove ads

Чарлс Џон Хафем Дикенс (англиски: Charles John Huffam Dickens; Портсмут, 7 февруари 1812Хајем, 9 јуни 1870) — англиски писател и социјален критичар. Дикенс е автор на едни од најпознатите светски ликови и дела и тој се смета за еден од најголемите писатели во Викторијанската ера.[1] Неговите дела уживале голема популарност своевремено, а веќе во 20 век научниците и книжевните критичари го признале како книжевен гениј.[2][3]

Кратки факти Чарлс Дикенс, Роден/а ...

Дикенс е роден во Портсмут. Тој го напуштил училиштето за да работи во фабрика во период кога неговиот татко бил затворен. И покрај недостатокот на образование, тој бил уредник на неделник цели 20 години, напишал 15 романи, пет новели, стотици кратки раскази и статии, држел предавања, борец за правата на децата, образованието и социјалните реформи.

Успехот на Дикенс започнал во 1836 година со издавањето на Посмртните записи на Пиквичкиот клуб. За неколку години тој станал светска книжевна ѕвезда, познат по својот хумор, сатира и детален приказ на ликовите и општеството. Неговите романи, повеќето објавени во месечни списанија или неделници, биле пионери на сериското издавање на еден расказ, што пак станало доминатен начин за издавање еден роман во Викторијанската ера.[4][5] Овој начин на издавање му дало можност на Дикенс да ја испита реакцијата на публиката за претходното објавено дело и така често ги поправал своите ликови или приказни во согласност со реакцијата на публиката.[5]

Дикенс се сметал за книжевен големник во неговото доба..[6] Неговата новела од 1843, Божиќна приказна, сè уште е популарна и инспирира секакви други адаптации. Оливер Твист и Големите исчекувања исто така се предмет на адаптаци, но тие се исто така важни за деталниот преглед на Лондон и Викторијанска Англија. Дикенс добил пофални критики од голем број светски книжевни џинови, почнувајќи од Лав Толстој па сè до Џорџ Орвел на пример.

Remove ads

Животопис

Чарлс Џон Хафем Дикенс е роден на 7 февруари 1812 година, Ландпорт на островот Портси, во близина на Портсмут. Тој бил второ од осумте деца на Џон Дикенс (1785–1851) и Елизабет Дикенс (родена Бароу; 1789–1863). Неговиот татко бил службеник во Нејви Пеј Офис. Во јануари 1815 година, Џон Дикенс заминал на служба во Лондон и тогаш семејството Дикенс се преселило на улицата Норфолк во Фицровија.[7] Кога Дикенс имал само четири години, неговите родители се преселиле во Ширнес, а потоа во Чатам, Кент, каде живееле до неговата 11-годишна возраст. Навидум имал идилично рано детство, иако самиот Дикенс рекол дека било „момче на кое не му посветувале особено внимание“.[8]

Чарлс своето време главно го поминувал надвор, но исто така многу читал. Така, тој растел со книгите на Тобијас Смолет и Хенри Филдинг, но и со Робинзон Крусо. Тој особено ги читал 1001 ноќ и Елизабет Инчбалд.[9] Тој имал голема меморија за своето детство, запаметувајќи голем број луѓе и настани, кои подоцна ги користел во своите дела.[10] Поради работата на татко му во Нејви Пеј Офис, тој имал можност и на приватно школување за краток период во Чатам.[11]

Овој период завршил во јуни 1822 година, кога Џон Дикенс бил повикан во централата на Нејви Пеј Офис и така целото семејство, освен Чарлс, се преселиле во Камден Таун во Лондон.[12] Семејството го напуштило Кент поради долговите,[13] па така Џон Дикенс бил затворен во Лондон во 1824 година. Тогаш, 12-годишниот Чарлс Дикенс започнал да живее со семејната пријателка Елизабет Ројланс.[14] Во тоа време, тој бил принуден сам да заработува за живот работејќи во фабрика за боја за чевли. Сеќавајќи се на тоа време, многу подоцна, тој напишал: „Јас толку длабоко во себе го зачувава споменот на чувството на запоставеност и немоќ; целото мое битие беше до таа мера опседнато со свеста за понижувачката неправда чија жртва бев во тоа време, што и денес пред таа темна сенка од горчливото детство често потреперувам... Сè заборавам и мрачни соништа ме пренсуваат во првите години на мојот живот.“[15]

Remove ads

Позначајни дела

Дикенс имал објавено повеќе од 12 романи, голем број на кратки раскази и статии, неколку драми и слично. Позначајни дела на Дикенс се:[16]

  • Лондонски скици (1837)
  • Посмртни записи на Пиквичкиот клуб (The Posthumous Papers of the Pickwick Club, април 1836 - ноември 1837)
  • Оливер Твист (Oliver Twist, февруари 1837 - април 1839)
  • Николас Никелби (Nicholas Nickleby, април 1838 - октомври 1839)
  • Старата антикварница (The Old Curiosity Shop, април 1840 - ноември 1841)
  • Барнаби Раџ (Barnaby Rudge, февруари - ноември 1841)
  • Божиќна приказна (A Christmas Carol , 1843)
  • Мартин Чазелвит (Martin Chuzzlewit, јануари 1843 до јули 1844)
  • Дамби и синот (Dombey and Son, октомври 1846 до април 1848)
  • Дејвид Коперфилд (David Copperfield, мај 1849 до ноември 1850)
  • Мрачен дом (Bleak House, март 1852 до септември 1853)
  • Тешки времиња (Hard Times, 1 април 1854, до 12 август 1854)
  • Малечката Дорит (Little Dorrit, декември 1855 до јуни 1857)
  • Приказна за два града (A Tale of Two Cities, 30 април 1859 до 26 ноември 1859)
  • Големите очекувања (Great Expectations, 1 декември 1860 до 3 август 1861)
  • Нашиот заеднички пријател (Our Mutual Friend, мај 1864 до ноември 1865)
  • Тајната на Едвин Друд (The Mystery of Edwin Drood, не е завршена поради смртта на Дикенс)
Remove ads

Наводи

Дополнителна литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads