Виртемберг
историска област во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Виртемберг (германски: Württemberg) — историско-географска област во Германија која приближно се совпаѓа со културно-јазичното подрачје на Швабија. Заедно со традиционалните области Баден и Хоенцолерн денес ја сочинуваат сојузната покраина Баден-Виртемберг.

Историја
Областа првобитно била во состав на Војводството Швабија. Подоцнежните историски периоди можат да се поделат вака:
- Грофовија Виртемберг (1083–1495)
- Војводство Виртемберг (1495–1803)
- Изборно Кнежевство Виртемберг (1803–1806)
- Кралство Виртемберг (1806–1918)[1]
- Слободна Народна Држава Виртемберг (1918–1945)
По Втората светска војна, областа е поделена на Виртемберг-Баден и Виртемберг-Хоенцолерн поради различните окупациски зони на САД и Франција. Во 1952 г. е ставена во сојузната покраина Баден-Виртемберг. Градот Штутгарт, како историска престолнина на Виртемберг, станал главен град на денешната сојузна покраина.
Remove ads
Поврзано
- Список на земји во Светото Римско Царство
- Хоенцолерн (покраина)
- Виртемберг (замок)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads