Семирамидини висечки градини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Семирамидините висечки градини се едно од Седумте светски чуда, чија локација сè уште не е утврдена. Според преданието, изградени се од Набукодоносор II околу 600 п.н.е. за неговата жена која копнеела по родниот крај каде имало бујна вегетација.


Овие бујни висечки градини се опширно документирани од старогрчките историчари како Страбон и Диодор Сицилиски, но освен тоа, нема наоди кои би го потврдиле нивното постоење, т.е. не постои ниту еден вавилонски запис кој зборува за ваква градина. Иако се собрани извесни наоди кои укажуваат на нешто такво, тие не го потврдуваат она што ние го знаеме од историчарите, што впрочем личи на фантазирање.[1] Низ вековите локацијата на градината можеби се помешала со градина во Нинива, бидејќи таму наоѓаме јасни прикази на градини. Текстот на овие таблици зборува за (можна) употреба на направа слична на Архимедовиот винт за подигање на вода на дадена височина. Доколку навистина постоеле овие градини, веројатно е дека биле уништени некаде после првиот век од нашата ера.[2][3]
Remove ads
Поврзано
- Седум светски чуда
- Историја на Ирак
- Вавилон
- Вавилонска кула
- Семирамида
- Историја на градинарството
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads