Висои (Беранци)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Висои — археолошко наоѓалиште во битолското село Беранци. Претставува тумул од железно време. Се наоѓа на 17 км од Битола и на околу 300 м од левата страна на стариот пат Битола — Прилеп, на тромеѓата помеѓу селата Црнобуки, Могила и Беранци. Овде уште во 1954 година се пронајдени три тумули подредени во еден правец и оддалечени еден од друг од 300 до 500 м. Со рилањето на теренот, на најголемата могила биле откриени гробови со камени плочи, поради што истата година е извршено заштитно ископување. Најдени се 47 гробови од камени плочи - тип циста, радијално распоредени, опкружени со сувоѕидан прстен од камен и централен гроб на средината кој е временски постар. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Remove ads
Поврзано
- Воден Дол — некропола од римско време;
- Грабечка Река — населба од хеленистичко и римско време;
- Градиште — населба од доцноантичко време;
- Женски Дол — некропола од доцноантичко време;
- Плочи — населба и некропола од римско време;
- Ристов Кладенец — некропола од доцноантичко време;
- Црквиште — некропола од раноантичко и хеленистичко време;
- Шукаловец — населба од римско време;
- Беранци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads