Црквиште (Беранци)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црквиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Беранци. Претставува некропола од раноантичко и хеленистичко време. Се наоѓа на 2 км источно од селото и на 16 км северно од Битола, непосредно до автопатот Битола — Прилеп, каде на релативно мал простор имало голема концентрација на гробови од кои Музејот од Битола] истражил околу 70. Некрополата егзистирала од крајот на VI до средината на III век пред н.е. и во неа се пронајдени повеќе типови на гробни конструкции, со големи разлики во димензиите, како и во насоченоста. Најстарите гробови на местото познато како Петилеп, кои потекнуваат од крајот на VI век пред н.е., се вкопувани на поголемо растојание еден од друг, и тоа претежно во југозападниот дел на просторот. Подоцна, околу нив биле вкопувани помладите гробови од V до III век пред н.е., при што се забележува дека во IV век биле групирани во помали или поголеми групи. Во гробовите од архајскиот и класичниот период се пронајдени кремирани покојници, додека од оние од III век едни се со кремирање, други со скелетно погребување, и тоа во масивни конструкции. Гробовите од хеленистичкото време се ѕидани од тули и во нив остатоците од кремираните мошти заедно со накитот биле поставувани во едниот крај, а керамичките садови и другите прилози по целиот простор на гробот. Наодите се наоѓаат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Remove ads
Поврзано
- Висои — тумул од железно време;
- Шукаловец — населба од римско време;
- Женски Дол — некропола од доцноантичко време;
- Ристов Кладенец — некропола од доцноантичко време;
- Воден Дол — некропола од римско време;
- Грабечка Река — населба од хеленистичко и римско време;
- Градиште — населба од доцноантичко време;
- Плочи — населба и некропола од римско време;
- Беранци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads