Владимир Расате
бугарски владетел From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Владимир Расате бил кнез на Бугарија од 889 до 893 г. Тој е првородениот син на кнез Борис I. Познат е по тоа што направил обид да ја врати Бугарија кон паганството.
Remove ads
Биографија
Во 853 или 854, бугарската војска предводена од Владимир, син на Борис I, ја нападнала Србија во обид да се одмазди за претходниот пораз на Пресијан во 839-842 од Властимир. Српската војска, предводена од Мутимир и неговите браќа, ги победила Бугарите, заробувајќи го Владимир и 12 болјари.[1] Борис I и Мутимир се договориле за мир (а можеби и сојуз[1]), а Мутимир ги испратил своите синови Прибислав и Стефан на границата да ги придужуваат заробениците, каде што размениле дарови во знак на мир.
Владимир станал кнез на Бугарија кога неговиот татко Борис-Михаил I (Борис го додал името Михаил после неговото покрстување) одлучил да се повлече во манастир после 36-годишното владеење.
Владимир-Расате бил најстариот син на Борис-Михаил и најверојатно единствениот кој е роден пред прифаќањето на христијанството во Бугарија.[2] Според императорот Константин Порфирогенит, Владимир учествувал во инвзијата на српските земји, што се случила пред покрстувањето на Бугарите. Малку се знае за неговото владеење. Тој склучил воен сојуз во 892 со источнофранкискиот крал Арнулф Корушки против Велика Моравија кој, имајќи ги предвид интересите на Византиската империја, бил индиректно насочен против Константинопол. Ова било сериозно отстапување од провизантиската политика на неговиот татко.
Владимир е познат по неговиот обид да го елиминира христијанството во Бугарија и повторно да го воспостави паганизмот. За овој настан пишува Константин Презвитер во неговото Учително евангелие. Владимир започнал процес на уништување на христијанските храмови и прогон на свештенството, бидејќи ги сметал за инструмент на Византија и нејзините напори да влијае на Бугарското царство. Меѓутоа, дејствијата на Владимир-Расате не биле добро прифатени од населението и од аристократијата, и тој бил поддржан само од неколкумина болјари. Затоа, во 893, Борис I го напуштил манастирот во кој живеел и го симнал од престолот својот син. Тој го ослепил Владимир и го ставил во зандана, каде што трагите му исчезнуваат.
Борис го поставил својот трет син Симеон на бугарскиот престол Преславскиот собор, кој сам по себе бил последица на неуспешниот обид на Владимир-Расате да го врати паганството.[3]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads