Кнез

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кнез
Remove ads

Кнез или књаз (старосл: кънѧзь;[1] ж. кнегиња) — аристократска титула која во разни историски периоди и во разни краишта имала различно значење.

Thumb
Титулата кнез запишана во текст од 12 век со глаголица, најден на островот Крк, Хрватска.

Среден век

На почеток овој израз означувал племенски или селски поглавар меѓу Словените, а подоцна со развојот на феудалното општество, означувал и монарх. Меѓу Источните Словени оваа титула означувала и крал (rex), додека кај Јужните Словени означувала владетел кој бил потчинет на некој крал. Во латинските записи ваквите кнезови обично ја имале титулата dux, што одговара на титулата војвода. Понекогаш им била додавана и титулата princeps, која означава крал.

Кај Источните Словени се развиле кнежевства како независни држави, како што била средновековната Русија-Украина, која на почеток била кнежевство, а потоа и Големо кнежевство. Со распад на големото кнежевство во 13 век, повторно се појавиле повеќе кнежевства.

Remove ads

Подоцнежна употреба

Во Московското Царство титулата Велики кнез била доделувана на синовите и внуците на царот во 18 век, поради што значењето е исто што и принц, а подоцна царот почнал да им ја доделува оваа титула како наследна на заслужните лица. Истата титула ја користеле две кнежевски семејства кои се претопиле со Московското Царство, некои аристократи од Грузија како и некои татарски припадници на аристикратијата.

Во 19 век оваа титула ја користеле полузависните владетели на Кнежевство Србија, Кнежевство Црна Гора и Кнежевство Бугарија, кои откако добиле целосна независност, ја презеле титулата крал.

Remove ads

Кнезот како тема во уметноста

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads